Connect with us

Банки

Комерцијална Банка вработува!

Објавено

на

Помлад соработник за платен промет во земјата и за работа со население, во Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Штип, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 19.180,00 денари.

Огласот трае од 19.09.2018 година, заклучно со 28.09.2018 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да  пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Штип”

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Working experience is not mandatory. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк А.Д. Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange