Connect with us

Електронско банкарство

Комерцијална банка АД Скопје ja зголеми заштитата на корисниците на Интернет банка и мБанка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници им ја зголеми заштитата при електронските плаќања преку Интернет банка и преку мобилната апликација мБанка.

Банката воведува максимален дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција, кои се дефинирани во Општите услови на Комерцијална банка АД Скопје за користење на услугите на електронско банкарство за физички лица.

Доколку како корисници сакате да направите промена на својот дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција, до износ на максимално утврдените лимити, истото можете да го направите преку веб-страницата на Интернет банката, користејќи листа на кодови или сигурносен токен.

Промените на лимитите за Интернет банка и за мБанка може да ги направите во делот „Мое мени“ – „Промена на лимити.“

Електронско банкарство

Стопанска банка АД Скопје ја исфрла од употреба Windows mobile верзијата на мобилната апликација

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги исвестува своите клиенти корисници на мобилната апликација, дека поради значајно намалениот број на корисници на Windows Mobile уреди на пазарот, но и глобално, од 01.03.2019 m-banking апликацијата на Стопанска банка ќе престане да биде достапна за преземање од Windows Mobile Store.

Бесплатната m-banking апликација останува достапна за iOS и Android мобилни уреди и Банката ќе продолжи да инвестира во развој и унапредување на услугите достапни преку истата.

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови функционалности во Интернет банката за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници на Интернет банка им овозможи нова опција, а тоа е дека почнувајќи од 01.04.2019 година, Банката ќе ги доставува изводите за тековната сметка во странска валута за правни лица резиденти, придружните обрасци 743 и 1450 и МТ 103 SWIFT пораките, единствено преку Интернет банката за правни лица во делот на Девизен платен промет.

Новите функционалности во Интернет банката за правни лица се достапни бесплатно за сите клиенти кои имаат пристап, без потреба од поседување на токен, и истите нудат повеќе предности во Вашето работење: поголема сигурност, безбедност,  брзина и ефикасност.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Царинските процедури достапни преку курсеви за електронско учење

Објавено

на

Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange