Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје ќе дели бруто-дивиденда од 420 денари по акција

Објавено

на

Во периодот 01.01-31.12.2018 година, Комерцијална банка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.780,3 милиони денари, односно добивката беше зголемена за околу два пати во однос на претходната година.

Планираната бруто-добивка за 2018 година е остварена со 120,7%.

Па така, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2018 година, донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27.02.2019 година, предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 420,00 денари, односно 42% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари.

Од вкупната добивка, речиси 960 милиони денари ќе се распределат на имателите на обични акции, 500 милиони денари во резерви и 323 милиони денари за задржана добивка.

Според Одлуката на Банката, последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 17.04.2019 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година ќе биде 18.04.2019 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2018 година е 19.04.2019 година.

Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе започне на 07.05.2019 година.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange