Домашни банки
Комерцијална банка АД Скопје ќе ги награди членовите на Надзорниот одбор со износ од 3.920.000 денари!

Комерцијална банка АД Скопје ќе ги награди членовите на Надзорниот одбор со износ од 3.920.000 денари или во противвредност од 63,7 илјади евра.
За исполнетите обврски седуммината членови ќе добијат по 9.100 евра. Овие средства спаѓаат во трошоците на Банката.
Надзорниот одбор на Комерцијална банка го сочинуваат:
1. Сава Димитрова – Претседател и Независен член на Надзорниот одбор
2. Таки Фити – Заменик претседател и член на Надзорниот одбор
3. Горан Антевски – Член на Надзорниот одбор
4. Сашо Наумоски – Член на Надзорниот одбор
5. Александра Максимовска – Стојкова – Независен член на Надзорниот одбор
6. Ванчо Чифлиганец – Член на Надзорниот одбор
7. Фатмир Етеми – Член на Надзорниот одбор
Своето работење и активностите Надзорниот одбор на Комерцијална банка ги остваруваше на своите редовни седници кои беа одржувани најмалку еднаш квартално. Во текот на минатата година Надзорниот одбор одржал десет редовни седници.
Инаку, овој состав на Надзорниот одбор го одработува својот втор мандат, кој е со важност до 20 мај 2024 година.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје