Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје оствари профит од 12,8 милиони евра во 2016 година

Објавено

на

Во периодот 01.01-31.12.2016 година Комерцијална банка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 779,4 милиони денари наспроти 525,1 милион денари остварена нето добивка во минатата година. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 4,4% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемувањето на останатите приходи од дејноста и нето-приходите по основ на курсни разлики, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста и амортизацијата, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска Берза.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.686,1 милион денари и бележат зголемување од 2,7% во однос на минатата година.

 

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и истите бележат намалување од 3,1% во однос на истиот период од минатата година. Планот е исполнет со 97,2%.

 

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2016 година изнесуваат 864,3 милиони денари и во однос на состојбата од крајот на минатата година бележат намалување од 3,7%. Планот е остварен со 95,6%.

 

Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2016 година изнесуваат 133,3 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 21,6%. Планот е остварен со 122,3%.

 

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.12.2016 година изнесуваат 552,1 милион денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 66,4% главно како резултат на повеќе наплатени претходно отпишани побарувања и остварена поголема капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања споредено со минатата година. Планот е остварен со 85%.

 

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2016 година изнесуваат 1.712,4 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 0,2% како резултат на намалените амортизација и останати расходи од дејноста. Планот е остварен со 96,5%.

 

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 31.12.2016 година достигна износ од 1.753,5 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 1,5%. И покрај планираното натамошно влошување на кредитите на правни лица, нето-исправката на финансиските средства за 2016 година е зголемена и како резултат на неочекувано влошување на состојбите кај одредени корпоративни клиенти.

 

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа достигна износ од 347,8 милиони денари и бележи намалување од 34,7% во однос на претходната година. Поголемиот дел од евидентираното оштетување се однесува на имотот преземен по 01.01.2010 година и дел се однесува на оштетување на имот преземен до 01.01.2010 година, чија нето-вредност согласно регулативата е сведена на нула. Планот е исполнет со 88,5% поради реализирани продажби на преземениот имот во текот на годината.

 

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно