Connect with us

Депозити

Комерцијална банка АД Скопје и Верверичка традиционално наградуваат по повод Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Децата, како најголема вредност за семејството и за општеството, постојано се во фокусот на вниманието на Комерцијална банка АД Скопје. А, на 31 октомври Комерцијална традиционално, како општествено одговорна компанија, ќе донира средства на новородени деца.

По повод Светскиот ден на штедењето, Банката ќе им отвори штедни книшки – Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и ќе им подари штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.

За да ги добијат донираните средства, законските застапници на децата родени на  31.10.2019 треба да ги достават потребните документи во Комерцијална банка најдоцна до 31.12.2019 година. Пред да ги достават документите на шалтерите на Банката во Скопје и во други градови, треба да извршат регистрација на нивните деца како даночни обврзници во најблиската регионална дирекција на УЈП, согласно процедурите пропишани од УЈП. Во спротивно Банката нема да биде технички во можност да изврши исплата на средствата.

Депозити

99,4% од граѓаните кои штеделе во Еуростандард банка ќе бидат обештетени, но што ќе биде со фирмите!?

Објавено

на

Народната банка и ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје и до надлежниот суд достави предлог за отворање стечајна постапка во банката. Со отворањето на стечајна постапка се очекува брза и ефикасна наплата на побарувањата на доверителите. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,40 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 7.7.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка АД Скопје од 1-ви јули ги намали каматните стапки на депозитите

Објавено

на

Почнувајќи од 01.07.2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки на дел од орочените денарски депозити на правни лица со фиксна каматна стапка (за договори склучени по 01.10.2017 година) и на дел од орочените денарски депозити на правни лица со прилагодлива каматна стапка (за договори склучени пред 01.10.2017 година) за 0,20 п.п. (more…)

Продолжи со читање

Популарно