Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје добитник на две награди од ЕБОР

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје годинава е добитник на две награди од Европската банка за обнова и равој (ЕБОР).

Наградата „Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia” Комерцијална ја добива во континуитет како најактивна банка во програмите на ЕБОР за поддршка и унапредување на меѓународната размена.

“Наградата “Deal of the Year” ја сметаме за особено значајна бидејќи за прв пат се доделува на Комерцијална банка АД Скопје, а се однесува на севкупниот регион (Европа, Азија, Африка) каде делува ЕБОР” – велат од банката.

Зделка на годината („Deal of the year“) – е награда која ЕБОР ја доделува секоја година почнувајќи од 2000-та и тоа во три категории:

Зделка на годината за енергетска ефикасност („Deal of the year for energy efficiency“);

Зделка на годината за социјален импакт („Deal of the year for social impact“);

Зделка на годината за севкупен импакт („Deal of the year – overall impact“);

Комерцијална банка е добитник на „Deal of the year- overall impact“ за акредитив каде што во трансакцијата се вклучени три земји, активни во меѓународното документарно работење и две банки кои се оперативно вклучени во ЕБОР -ТФП како издавачки и конфирмирачки банки.

Бидејќи конфирмираните трансферабилни акредитиви бараат повисок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство, со оваа награда, уште еднаш, тимот за документарно работење на КБ со својата експертиза се етаблира во меѓународни рамки.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати

Објавено

на

Со цел да овозможи подостапни услуги на корисниците,ТТК Банка АД Скопје ја прошири своjата мрежа на банкомати со поставување нови банкомати на две локации. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување од ЦКБ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец ноември

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец ноември ќе се исплатат во две групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Борут Вујчич нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно