Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје – Генерален покровител на фестивалот “ЕДНА ЉУБОВ”

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја има честа да биде Генерален покровител на второто издание на Фестивалот насловен ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации!

Во Градскиот парк на големата полјана (зад Езерце) на 16.06.2018 година (сабота) ќе се одвива целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија, а во културно-уметничката програма учество ќе земат Златните славејчиња, групата „Љубојна“, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Оратница, Графа, Next Time и групата „Слаткаристика“.

Фестивалот ќе започне во 10:00 часот, а влезот е слободен.

Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје и овој пат со задоволство застана во поддршка на вистинските уметнички вредности кои го збогатуваат нашиот културен живот.

Домашни банки

НЛБ Банка АД Скопје прогласена за најдобра банка за 2018 година на Europe Banking Awards

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје трета година по ред е прогласена за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„УНИБанка” одбележа 15 години во Гостивар

Објавено

на

„УНИБанка” го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange