Connect with us

Кредити

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со ЕБОР и и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) нуди кредитна линија наменета за поддршка на конкурентноста на МСП

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) нуди линија за унапредување на конкурентноста кај МСП компаниите. Целта на програмата е поддршка во финансирање микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија за подобрување на конкурентноста и усогласување со техничките стандарди во согласнот со ЕУ законодавството (EU Acquis Communautaire) во полето на заштита на животната средина, безбедност на работниците, квалитет и безбедност при работа.

Крајни корисници од Програмата за кредити и стимулации се домашни компании од приватниот сектор со најмногу до 249 лица и имаат годишен обрт до 50 милиони евра или вкупна актива до 43 милиони евра, вклучително и трговци поединци и физички лица – самостојни вршители на дејност согласно законот на Северна Македонија.

Максимален износ на финансирање на еден кредитобарател е до 1 милион евра (за еден или повеќе поткредити) во една или повеќе банки.

Намена на средствата е исклучиво за основни средства, како и делот од обртни средства кои се сметаат за дел од трошоците на инвестицијата, но без вклучен ДДВ. Ова значи дека кредитот може да се користи за воведување на иновативни процеси во компанијата како вложувања во индустриски постројки, нова опрема, софтвер, подобрување на системите за управување кај претпријатијата и/или секакво подобрување во насока на усогласеност со директивите на ЕУ во полето на заштита на животната средина, безбедност на работниците, квалитет и безбедност при производство.

Придобивки за инвеститорите: по успешна имплементација и верификација на инвестицискиот проект, заемопримачот ќе добие стимулација во висина до 15% од пониската вредност 1.Исплата на стимулации за крајните корисници по верификација на имплементирање на потпроектот во висина од 15% од помалата вредност од 1. Искористениот износ од потпроектот или 2. Трошоците на инвестицијата за подпроектот без вклучен ДДВ, како и бесплатна техничка помош при подготовка и оптимализација на потпроектите од технолошки и финансиски аспект. Стимулацијата и бесплатната техничка поддршка понудени во рамки на оваа програма се финансирани од Европската унија.

Кредити

Како да изберете соодветен банкарски кредит, согласно вашите потреби?

Објавено

на

Буџетот е ставка поради која често го ставаме прстот на чело и се прашуваме дали и колку се правилни донесените одлуки – дали да штедиме за некоја цел, потреба, или пак, да побараме „помош“ од банка, во вид на паричен заем. Во денешно време е вистинска реткост поголемите инвестиции да се извршат без некаков кредит. Многумина од нас поседуваат недвижнини, автомобили и слично благодарение на заемите, а најчесто се одлучуваат на тој чекор поради релаксираната отплата која ни ја овозможува отплатата на заемите од Банка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Поволни онлајн кредити – за сите ваши потреби и желби

Објавено

на

Сите ние имаме потреби и желби кои налагаат долготрајно одрекување и штедење за кое немаме ни време, ни волја, ни дисциплина. Токму затоа тука се брзите онлајн кредити на ФД Монимакс Финансиско како алатка за брзо и краткорочно кредитирање лесно достапна за сите граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Брз и лесен пристап до финансиски средства, без долги процедури – со Мој Кредит, ново финансиско друштво

Објавено

на

Мој Кредит е ново финансиско друштво кое започнa  со работење на 03.01.2022 година. Понудата на Мој Кредит вклучува широк спектар на кредитни услуги кои на граѓаните и микро компаниите на Р.С.Македонија ќе им овозможат ефикасен, брз и лесен пристап до финансиски средства, без сложени и долги процедури за одобрување и тоа во оној момент кога тоа им е најпотребно. (more…)

Продолжи со читање

Популарно