Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје банка чувар на имот на пензиските фондови Триглав

Објавено

на

Пензиските фондови на Триглав Пензиско друштво АД Скопје се новите членови во семејството фондови на кои банка чувар на имот е Комерцијална банка АД Скопје. Во изминатиот период Комерцијална банка и Триглав Пензиско друштво успешно ги создадоа сите услови за редовно и тековно работење на новоотворените пензиски фондови Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

Со ова продолжува традицијата на Банката на соработка и придонес во развојот на пензиските фондови, започната во 2009 година, кога Комерцијална банка за првпат стана чувар на имот на пензиски фондови регистрирани во државава.

Како и досега, Банката во улога на чувар на имот на пензиски фондови, согласно своите законски и договорни обврски, ќе обезбеди широк опсег на услуги, како што се: чување на имот, отворање и водење сметки за хартии од вредност во Централниот депозитар за хартии од вредност и наменски парични сметки во Банката, порамнување трансакции поврзани со инвестирање на средствата на фондовите во земјата и во странство, реализација на други инструкции на друштвата за управување со фондови, проверка на пресметаната нето-вредност на имотот на фондовите, известување на друштвата за корпоративни настани и извршување инструкции кои произлегуваат од тие настани, наплата на приходи и други права во корист на фондовите…

Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во земјава во работењето со старателски услуги, а својата лидерска позиција ја засилува со постојаниот тренд на креирање нови финансиски производи и услуги во овој сегмент.

Домашни банки

КХВ и одобри на ТТК Банка издавање на корпоративна обврзница

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за издавање на корпоративна обврзница. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Измени во органите на управување и раководење на Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување и раководење на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје оствари добивка од 19 милиони евра во првото полугодие од 2019 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.171.487 илјади денари, што претставува намалување за 38,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange