Connect with us

Форекс

Колумна на Иван Штериев за “ZSE-Blog”: ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР!

Објавено

на

Директорот на Македонска берза, г-дин Иван Штериев во колумна за блогот на Zagrebačka burza – Zagreb Stock Exchange „Burzin briеf“ ги дефинира спецификите на македонскиот пазар за хартии од вредност.

Целата колумна прочитајте ја во продолжение:

Кон крајот на минатата година Загрепската берза стана малцински акционер во Македонска берза купувајќи 5,3% од нејзиниот капитал. Ова беше втора инвестиција на берзата во Загреб во друга регионална берза, после стекнувањето на целосна сопственост во Љубљанска берза пред неколку години и е очигледно дел од нејзината развојна регионална стратегија.

Во овој контекст, за читателите на овој блог веројатно е интересно да се даде краток осврт на организацијата и функционирањето на Македонска берза. Определени хрватски инвеститори пред повеќе од една деценија беа доста активни на македонскиот пазар и беа едни од главните генератори на тогашниот берзански бум, но добар дел од нив по настанувањето на големата финансиска криза останаа со позиции во определени македонски хартии на високи ценовни нивоа и или полека излегуваа од нив (често со загуба) или сеуште имаат некакво портфолио на локалниот пазар. Овој сплет на настани, ни се чини, во изминатите неколку години резултираше во некој тип на своевидна аверзија за повторно ставање на македонските хартии од вредност на инвестицискиот радар на хрватските инвеститори. Секако, на сето ова се надоврзуваше фактот дека Македонија подолго време (поради спорот за името со Грција) беше блокирана во евроатланските интеграции, што земјата имаше внатрешни политички турбуленции и што некои делови од националната пазарна микроструктура е поинаква и/или понеразвиена од она што е веќе стандард за хрватските инвеститори. Плус, тоа што можностите за инвестирање во странство се речиси бескрајни, а инвестирањето во регионот не е приоритет поради бројни објективни и субјективни причини.

Со решавањето на спорот со името со Грција и влезот на Македонија во НАТО (под името Северна Македонија), претстојното отпочнување на преговори со ЕУ, тукушто завршените парламентарни избори (сосема коректно спроведени), неекономските фактори кои влијаеа негативно на атрактивноста на македонскиот пазар и го генерално го зголемуваа ризикот на земјата сега се значајно поповолни. Сега останува да се интензивира промоцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност како инвестициска дестинација за странските инвестиции, при што природно е еден од главните таргети да се хрватските инвеститори и финансиски посредници (кои можат да бидат и регионална порта за инвеститори надвор од регионот за сите помали пазари – тоа беше и една од идеите-водилки за создавање на СЕЕ Линк) и да се работи на подобрување на локалната пазарна инфраструктура. На овој план нашите очекувања од сопственичкото партнерство со берзата во Загреб се многу големи, иако сме свесни дека тоа не може да се случи преку ноќ. Секако, како и секоја друга општествена и економска тема во последните половина година и оваа е и ќе биде под големо влијание на настаните и случувањата поврзани со вирусот COVID-19 на глобално, регионално и национално ниво.

Македонска берза е прва и единствена организирана берза на хартии од вредност во Македонија http://www.mse.mk и е организирана како класично акционерско друштво кое работи на профитна основа. Моментално има 35 акционери, 11 акционери – домашни и странски правни лица поседуваат 88,54% од акционерскиот капитал, a oстанатите 24 акционери збирно учествуваат во капиталот на друштвото со 11,46%.  Тргувањето со хартии од вредност се одвива со помош на поранешниот електронски систем на Љубљанската берза, којшто беше и е во употреба на повеќе пазари во регионот (во минатото и во Хрватска додека функционираше пазарот во Вараждин). Моментално Македонска берза има 11 членки од кои 6 се банки, а 5 се приватни брокерски куќи https://www.mse.mk/mk/brokers

Тргувањето на Македонската берза се одвива и со котирани и со некотирани хартии од вредност и моментално постојат следниве пазарни сегменти и подсегменти:

Официјален пазар

  • Супер котација (1 друштво)
  • Берзанска котација (26 друштва)
  • Задолжителна котација (73 друштва)
  • Котација на мали АД (нема)

Редовен пазар

  • Пазар на Акционерски друштва со посебни обврски за известување (11 друштва)
  • Слободен пазар (сите останати акционерски друштва во Македонија кои според статистиката на ЦДХВ бројат вкупно 347 друштва).

На Официјалниот пазар на Берзата, моментално котираат 100 акционерски друштва. Битна специфика на македонскиот пазар се определени нормативни решенија насочени кон концентрација на тргувањето и котацијата на организиран и регулиран пазар. Меѓу другото, моментално постои законска одредба за т.н. задолжителна котација на акционерски друштва кои ги исполнуваат критериумите за котација на Македонска берза. Оваа нетипична пазарна мерка во наши услови се покажа како добро решение со оглед на тоа што значително ја подобри транспарентноста и обелоденувањето на ценовно чувствителни информации од страна на акционерските друштва генерално, а истовремено придонесе на јавниот пазар да се појават компании кои во сопственичката структура имаат доминантен странски акционер и кои претходно немаа намера да котираат на пазарот (истите последователно се покажаа како многу атрактивни за домашните инвеститори – неколку домашни банки во сопственост на странски банкарски групации, поранешниот државен телекомот, единствената рафинерија итн.). За одбележување е и дека во регионот најголем број на котирани банки има токму на нашата берза (вкупно 8 котирани банки), при што 5 од нив се составен дел на акцискиот индекс МБИ10.

Во продолжение, базирано на анализата на првата половина од 2020 година издвојуваме неколку главни акценти од тековната берзанска статистика и активности.

Вкупниот берзански промет по сите основи во првата половина на 2020 година изнесуваше околу 95 милиони евра, што претставува зголемување од 57% наспроти истиот период лани (61 милиони евра). Доколку се анализираат последните 5 години, може да се забележи дека ова е втор најголем вкупен берзански промет по 2018 година.  

Истовремено прометот со акции во БЕСТ системот (нашата кратенка за словенечкиот БТС) во првата половина од 2020 година изнесува околу 62 милиони евра и е за 124% поголем во однос на истиот период во 2019 година. Анализите покажуваат дека овој промет во класичното тргување е најголем во последните 5 години.  Истиот тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции  којшто во 2020 година е 120, додека просечниот дневен промет во првото полугодие од 2020 година изнесува околу 33 милиони денари.

Од 122 дена на тргување во првата половина од оваа година, 73 дена дневниот промет со акции бил над 20 милиони денари, додека 5 дена над 100 милиони денари. 

pastedGraphic_1.png

     

Компаративната регионална анализа покажува дека акцискиот промет на Македонска берза  во првиот семестар од 2020 година се повисоки во однос на берзите во Белград, Софија, Подгорицa, Сараево и во Бања Лука.  

pastedGraphic_2.png

 Перформансата на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните 10 акции на Македонска берза, забележа значаен нагорен раст во последните 5 години, при што почнувајќи од 2016 година се регистрираат континуирани двоцифрени годишни порасти (16,45% во 2016, 18,92% во 2017, 36,64% во 2018 и 34,01% во 2019 година). Тој позитивен тренд на индексот МБИ10, под влијание на случувањата поврзани со вирусот COVID-19 и настанатата здравствена и економска криза во тековната 2020 година се промени и на крајот од првиот семестар до 2020 година неговата перформанса беше -11,45%. Во првата половина од 2020 година генерално сите регионални берзански индекси, исто така, бележат намалување, при што МБИ10 компаративно гледано е со доста помал пад во однос последниот ден на тргување во 2019 година. После нагласената ценовна корекција во март    (-22,47%), априлската перформанса беше во значаен плус (+23,2%), a почнувајќи од 6 мај до крај на полугодието (со исклучок на два трговски дена), се регистрираше извонредно мала осцилаторност на индексот (дневните движења на МБИ10 беа постојано во интервал од +-1%). 

              pastedGraphic_3.png

Иако во првата половина од 2020 година се забележува надолна корекција на цените на акциите што се елементи на индексот МБИ10, анализата на движењата на поединечните акции од актуелниот состав на индексот во текот на последните 5 години покажува дека има значаен пораст во нивните пазарни цени. 

pastedGraphic_4.png

Трговската активност кај котираните друштва е со висока концентрација, односно од вкупно котираните 100 друштва во 2019 година на 10 од нив отпаѓа речиси 87% од прометот во БЕСТ системот, додека во првите 6 месеци од 2020 година дури околу 93%. Тоа е на ниво на концентрацијата на тргувањето со берзите во ЕУ, каде според месечните податоци објавени на сајтот на Европската федерација на берзи (FESE), учеството на прометот на топ 5 најтргувани акции кај помалите берзи се движи во рамките од 50% до 94% од прометот.

Најтргувани хартии од вредност во првата половина од 2020 година беа акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 26,48 милиони евра, потоа следат акциите издадени од Алкалоид со вкупен промет од околу 13,23 милиони евра и акциите на Макпетрол АД Скопје со вкупен промет од околу 7,64 милиони евра. 

pastedGraphic_5.png

Вкупно котираните 100 акционерски друштва во првата половина од 2020 година преку СЕИНет (Систем за електронско известување од котираните акционерски друштва) објавиле 1246 информации во врска со собранија на акционери, одлуки на органите на управување, финансиски извештаи и други ценовно чувствителни информации.

pastedGraphic_6.png

Во првата половина од 2020 година беа објавени и финансиските резултати на котираните компании за првиот квартал од 2020 година. Од 100 котирани компании, 58 регистрирале добивка, 38 загуба, додека 3 компании не доставиле финансиски извештај. Вкупната прикажана добивка во Q1 2020 година е намалена за околу 15% споредено со истиот период лани. https://www.mse.mk/mk/news/22/5/2020/summary-of-financial-data-of-listed-mse-companies

Финансиските извештаи за работењето на котираните компании за првата половина од 2020 година, кога ќе може поцелосно да се види влијанието на настанатите состојби предизвикани од COVID-19, треба да се објават најдоцна до 31.08.2020 година. Неколку од главните акции, како Алкалоид и Комерцијална банка веќе ги објавија полугодишните бројки и и двете имаат остварен порст од 10% на нето добивката, што е добар знак за нивното работење во екот на кризата со COVID-19. Сепак, ако се земе предвид дека банкараството и фармацијата веројатно се индустрии кои беа на помал удар, ќе треба да се сочекаат резултатите и од компаниите во другите индустрии.

pastedGraphic_7.png

Почнувајќи од јануари 2019 година, покрај обврзниците за денационализација, на Берзата котираат и класичните континуираните државни обврзници. На овој начин државните обврзници кои перманентно се издаваат за финансирање на потребите на државата се уврстени на регулиран пазар и се дозволена инвестиција за различни категории на институционални инвеститори од земјата и странство Досега се котирани 153 континуирани обврзници, со вкупна номинална вредност од 1.264.133.063 евра.  Годишниот приносот на обврзниците за денационализација се движи во рамките од 2,22% до 3,33%, додека приносот на континуираните котирани државни обврзници од 2,30% до 3,89%. Прометот со овие обврзници досега беше скромен, пред се поради тоа што купувачите на примарниот пазар најчесто ги држеа овие инструменти до достасување. За очекување е дека економските турбуленции поради корона кризата ќе предизвикаат нова динамика на овој сегмент на пазарот.                                       

pastedGraphic_8.png

Во првата половина на 2020 година започнаа со реализација неколку стратешки проекти за Македонска берза со посредство на ЕБРД. 

Во текот на 2020 продолжија со реализација и заедничките проекти со Загрепската берза во правец на генерална едукација за шемите за колективно финансирање кај македонските компании и инвеститори и конкретна промоција на crowdfunding платформата Funderbeam, како и активности како косопственици и учесници во регионалната платформа за пренасочување на налозите за тргување СЕЕ Линк.

За авторот:

 Иван Штериев, претседател на Управниот одбор на Македонската берза.

 

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Зошто биткоинот повторно безглаво ја зголемува вредноста?

Објавено

на

На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно