Connect with us

Колумни

КОЛУМНА: Доколку сакате да напредувате во кариерата – сменете го работното место!

Објавено

на

Дали сте човек кој го прифаќа или избегнува ризикот? Потребно ви е да си дадете одговор на ова прашање доколку сакате да ја започнете потрагата по среќна и успешна кариера. 

Многу луѓе едноставно “се парализираат” кога размислуваат за промена на нивната работа. Без разлика на кое ниво во вашата кариера се наоѓате, дали сте на самиот почеток, дали веќе сте искачиле неколку скалила или пак сте го освоиле врвот, верувајте дека секогаш можете многу повеќе. Најголемиот дел од луѓето се чувствуваат едноставно комфорно на своите освоени позиции без разлика на поголемиот дел од условите. Многумина од оние кои имале цел да достигнат одредено ниво, најчесто откако ќе се најдат на истото знаејќи колку била тешка “борбата” да стигнат до тоа се плашат да превземат чекор за нешто повеќе.

Сместени во својата удобна зона на работното место единствената опција која ја избираат многу луѓе е да продолжат да го прават она што го прават веќе подолги години едноставно бидејќи се доволно добри во истото, не им е воопшто тешко, немаат потреба да се предизвикуваат себеси за да добијат повеќе, ги сакаат своите колеги, мислат дека можеби следната година нешто ќе се промени во нивната работа, веќе имаат премногу обврски во својот приватен живот и воопшто не се заинтересирани за барање на друга работа, а секако и барањето нова работа претставува осетлива тема која според нив носи голем ризик со себе од кој се разбира мора да се заштитат.

Заборавете го сето ова! Овој тип на луѓе речиси воопшто не размислуваат за своите кариери. Без разлика колку е досадна нивната позиција и колку (не)среќни ги прави истата чувството на моментална сигурност ги победува сите изгледи за преземање на нов чекор. Верувајте дека ниската плата, работното окружување,  лошата компанија во која што работеле не се пресудни секогаш за промена на работното на место на луѓето кои навистина сакаат да напредуваат во својата кариера. Овој тип на луѓе кои никогаш не се презаситуваат со сопствениот успех се подготвени секогаш да зграбат нешто ново и нешто повеќе и секоја своја моментална позиција ја гледаат како одлична можност, но никогаш не ги затвораат вратите и за нешто кое понатаму ќе им се понуди. Ги напуштаат добрите компании за уште подобри, ги оставаат стекнатите пријатели на работа (со кои се разбира ќе се дружат надвор од работното место) и запознаваат нови луѓе во ново работно окружување. Платата од која ќе речете дека секој треба да биде задоволен тие ја менуваат со уште поголема. Овие луѓе се оние кои вистински ја градат својата кариера. Сите тие започнале многу едноставно. Само го промениле своето работно место. 

Луѓето кои се подготвени да ја променат својата работа сакаат да учат нови нешта, да отвораат нови хоризонти. Секоја промена на работно место, секој ден изминат во различна компанија тие го гледаат како можност за да ги зголемат своите знаења. Со тоа ја градат и својата приказна за сето она кое го искусиле во животот. Со секој следен чекор тие ја прошируваат истата. Менувањето на работата овозможува познанства со нови луѓе. Затворениот круг на добри или лоши колеги ќе биде само минато. Како од работата така и од луѓето ќе научите многу. Ќе бидете во чекор со промените на пазарот на кој се “продавате”. Со менувањето на вашите работни места после одреден период вие ќе станете бренд. Менувањето на работа едноставно ве созрева. Вистина е дека не можат сите да бидат како оној мал дел на луѓе кои постојано се во потрага по нешто ново и едноставно немаат сопирачки. Но, да признаеме дека голем дел од луѓето се едноставно пасивни кога станува збор за менувањето на работа. Се плашат да се соочат со новите работи. Се плашат да бидат одбиени. Дури и ако направат еден чекор и првиот пат бидат одбиени тие тивко се враќаат во својата удобна зона и одлучуваат дека тоа е подобро од одбивањето кое го доживеале. Кариерата не се гради преку ноќ. Сите некогаш биле одбиени. Размислете на сите оние кои биле прифатени. Кои не се откажале и по неколку обиди и сега гордо се качуваат на скалилата на успехот. Целта на менувањето на работата е токму тоа. Да сфатите дека во светот има премногу луѓе и дека не треба сите да ве одобрат. Тоа е во ред. Не можете да му се допаднете некому. Едноставно и вие не сакате својот талент да му го доверите на секој. 

Со менувањето на работата ќе ја потврдите својата страст. Верувајте дека ќе се пронајдете себеси многу повеќе отколку што мислите. Кога еднаш ќе се одлучите за тоа ќе почнете да размислувате во други димензии. Новото работно место ќе ви отвори нови видици. Можеби ќе бидете задоволни, можеби ќе сфатите дека сакате нешто уште повеќе. Најважното од се е дека вие навистина можете повеќе. Откако ќе ги научите правилата на играта ќе играте подобро од сите. Не се откажувајте од моќта која што се поседувате само бидејќи мислите дека ја немате. Вашата иднина зависи од она кое го правите денеска. Замислете си слика за вас каде сакате да бидете. Се наоѓате ли на истото место како сега? 

Патот до успехот не е лесен. Патот до успешна и воедно среќна кариера уште помалку. Верувајте дека тоа зависи само од вас. Не се задоволувајте со просечни работи. Сакате да имате успешна кариера? Работете на тоа! Ве плаши ли помислата за промена? Тогаш мора нешто добро да излезе од истата. Најтешката работа е да се донесе одлука за акција. А потоа, можете да направите се што ќе одлучите да направите. Еден ден ќе бидете токму на местото што го замисливте. Чекор по чекор ќе ја изградите својата кариера од соништата. Зад вас ќе имате нешто толку големо и вредно што започнало со само еден мал, за вас моментално застрашувачки чекор – промена на работното место. 

 

 

 

Колумни

Што се даночни раеви и како големите корпорации ги користат?

Објавено

на

Даночните приходи ја одржуваат цивилизацијата во живот. Но, не сите даночни обврзници играат според истиот пакет на правила. Со помош на адвокати, сметководители и разни професионалци, богатите и добро поврзани лица избегнуваат да плаќаат трилиони долари данок. Останатите ја покриваме разликата – вложувајќи ги нашите пари за изградба на патишта, училишта итн. Даночните раеви го овозможуваат сето тоа. Според некои проценки, околу 10 проценти од вкупното производство на сите економии во светот е сместено во офшор финансиски центри, кои ги држат “школки” компании кои постојат само на хартија. Трошоците за државите, во загубен приход, се проценува дека надминуваат 800 милијарди долари годишно. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Користење на технологијата за напредок

Објавено

на

Технологијата оди со огромни чекори напред. Постојано знаеме да кажеме или прочитаме дека истата ќе ни ги земе работните места. Да, вистина е технологијата можеби ќе замени голем дел од нашата физичкa работа, но тоа во иднина ќе ни овозможи да се фокусираме на работи кои што не можат да се автоматизираат. Тоа е начинот на размислување и визијата која што мора да не води напред. Ако немаме визија и ако не започнеме да вложуваме во себе промените ќе не водат нас, наместо ние да ги водиме нив. Затоа влогот во себе е влог во иднината. Доколку сакаме спремни да ја дочекаме иднината мораме да се посветиме на учење, а не само на генерално подобрување во одредени области. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација

Објавено

на

Минатата недела се одржа првата заедничка научна конференција на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). (more…)

Продолжи со читање



Популарно