Connect with us

Домашни банки

Колку ќе заработуваат членовите на Надзорниот и Одборот за ревизија на Охридска банка?

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје го закажа своето Годишно собрание на акционери за ден 30.6.2020 година. Собранието на акционери е закажано по трет пат годинава, откако претходно беше на два пати откажувано поради Уредбата донесена од Владата за забраната за одржување на годишните собранија на акционери на компаниите за време на вонредна состојба.

На Годишното собрание на акционери на Охридска банка АД Скопје предвидени се неколку материјали и предлог одлуки за потврдување на Годишната сметка и финансиските извештаи за изминатата 2019 година, за измени и дополнувања на Статутот на Банката, за употреба и распределување на добивката и многу други.

Една од предлог одлуките е за утврдување на висината на надоместокот за работата во органите на управување на Охридска банка АД Скопје односно Надзорниот одбор и Одборот за ревизија.

На секој член на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје им се определува фиксен годишен бруто-надоместок во висина од 6.000 евра, кој се исплаќа пропорционално за периодот на траење на неговиот мандат во Надзорниот одбор, и дополнителен бруто надоместок во висина од 300 евра за присуство по седница (во денарска противвредност според средниот курс на НБРСМ на денот на исплатата).

На секој член на Одборот за ревизија на Охридска банка АД Скопје им се определува фиксен годишен бруто-надоместок во висина од 3.000 евра, кој се исплаќа пропорционално за периодот на траење на неговиот мандат во Одборот за ревизија, и дополнителен бруто-надоместок во висина од 300 евра за присуство по седница (во денарска противвредност според средниот курс на НБРСМ на денот на исплатата).

На членовите на Надзорниот одобор и на Одборот за ревизија кои се предложени од страна на акционерот и се во работен однос во ентитети членови на групацијата Ерсте не им се исплаќа надоместок за работата во органите на Охридска банка АД Скопје.

На членовите на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на Банката не им се исплаќа дополнителен надоместок за одлучување без одржување на седница, преку давање писмена согласност за одлуките што се донесуваат.

Фиксниот годишен надоместок ќе се исплаќа на месечна основа, додека дополнителниот надоместок за присуство на седниците во текот на годината ќе се исплаќа на годишно ниво.

Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

Домашни банки

Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период  до 31 декември 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

Популарно