Connect with us

Домашни банки

Колку се платени членовите на Надзорниот одбор на Комерцијална банка?

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје најави дека Годишното собрание на банката, ќе се одржи на 29.03.2021 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот.

Во интерес на почитување нa мерките за спречување на ширењето на COVID-19, a со цел да се обезбеди успешно одржување на Годишното собрание без физичко присуство на акционерите, се повикуваат акционерите да учествуваат и да гласаат на Собранието со писмена кореспонденција или со електронско гласање.

Една од предлог Одлуките кои се на дневен ред на Годишното собрание се однесува на измени и дополнувања на Одлуката за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје која гласи:

На членовите на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, за учество и работа на седниците, како и за работа и одлучување со писмена согласност во периодот помеѓу седниците, им припаѓа месечен надомест во висина од 21.000 денари.

Со оглед на тоа што членовите на Надзорниот одбор извршуваат голем обем на одговорни работи и задачи, како на седници така и со писмена согласност, се предлага зголемување на месечниот надомест во висина на една просечна месечна нето-плата по работник во Република Северна Македонија, исплатена во последните три месеци.

Членови во Надзорен одбор на Комерцијална банка АД Скопје:

Сава Димитрова, Пензионер во функција на Претседател;

Таки Фити, Професор на Економски факултет УКИМ во функција на Заменик претседател;

Горан Антевски, Управител на Раде Кончар – ТЕП ДООЕЛ Скопје во функција на Член;

Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на ПИ Витаминка АД Прилеп во функција на Член;

Александра Максимовска – Стојкова, Професор на Правен факултет, УКИМ во функција на Независен член;

Ванчо Чифлиганец, Управител на Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје во функција на Член;

Фатмир Етеми, Управител на ЗСФ КОМ ДООЕЛ Скопје во функција на Член.

Во Одлуката за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје бр.02-190-1/1 од 02.04.2020 година, членот 3 се менува и гласи:

На членовите на Надзорниот одбор за учество и работа на седниците,како и за работа и одлучување со писмена согласност во периодот помеѓу седниците, им припаѓа месечен надомест во висина на просечна месечна нето-плата по работник во Република Северна Македонија, исплатена во последните три месеци.

Просечната исплатена нето плата по работник за месец декември изнесувала 28.294 денари.

Просечната исплатена нето плата по работник за месец ноември изнесувала 27.588 денари.

Просечната исплатена нето плата по работник за месец октомври изнесувала 27.899 денари.

Согласно овој податок, просечната месечна нето плата по работник за месеците (октомври, ноември и декември) би изнесувала 27.927 денари.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно