Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки.

Прашањето за разновидноста и улогата на жените во македонските компании е комплексно и претставува мултидимензионален проблем кој опфаќа различни демографски карактеристики, како на пример, бројот на членови во одборот, родовата и расна застапеност во одборите, квалификациите на членовите, нивна етничка припадност и националност.

Во изминативе неколку години, развојот на банкарскиот систем во Македонија бележи значителен прогрес. Сепак, нивото на развој, мерено преку степенот на финансиско посредување е пониско во однос на останатите земји во транзиција (земјите од Централна и Источна Европа) и значително заостанува во однос на земјите од Европската Унија. Банкарскиот сектор на Република Македонија, кој воедно има доминантно учество во финансискиот систем, се состои од 15 комерцијални банки и Народната Банка на Република Северна Македонија.

Од истражувањето на Банкарство во вкупно 16 банки во Македонија, дојдовме до податок дека вкупното учество на жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија изнесува 36% што не е задоволувачки процент, но е значително повисок во однос на минатите години.

Доколку направиме анализа по банки, постојат банки каде Управниот одбор го сочинуваат единствено жени, но, за жал, многу е поголем бројот на банки каде се застапени само мажи.

Eдинствено Управниот одбор на ПроКредит банка содржи 100% жени.

Мнозинство жени имаме во Управните одбори на Охридска банка Сосиете Женерал и Стопанска банка – Битола,

Само по една жена која е дел од Управниот одбор имаме во Комерцијална банка, ТТК Банка, Капитал Банка, Стопанска банка – Скопје и Халкбанк.

На пазарот се застапени и банки кои воопшто немаат жени во Управните одбори. Станува збор за Шпаркасе Банка Македонија, НЛБ Банка, Централна кооперативна банка, Еуростандард банка, МБПР и УНИБанка.

Кај регулаторот, НБРСМ, помеѓу извршните членови (гувернер и вицегувернери), три членови или 75% се жени, додека само еден, односно 25% се од машкиот пол.

Споредбата на банкарскиот систем на Македонија со останатите земји во транзиција укажува на се уште недовоен степен на консолидација на банките. Имено, според анализата на Меѓународната Организација на Трудот само 5-7% од генералните директори во светот се жени, а во Македонија статистиката покажува дека во помалку од 10% од менаџерските позиции во македонските компании се жени.

И покрај се, македонската жена е заинтересирана да учествува во општествените процеси. Сака да биде дел од политиката, се грижи за семејството, но и дава голем придонес и во стопанството преку бизнис заедницата. Жените и мажите во урбаниот свет имаат подеднакво право да се произнесат како индивидуи, но биолошките разлики се тие кои ги прават различни. Дискриминацијата врз жените е проблем на целото општество, затоа сите треба да се залагаме за нејзина елиминација.

Анализи

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Објавено

на

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед дека се продолжува животниот век, ќе им требаат повеќе ресурси за да можат да живеат квалитетно и во староста. Поради ова, за обезбедување пристоен животен стандард во староста, треба навреме да се размислува и да се преземе одговорен пристап за планирање на својата иднина. Октомври, светскиот месец на штедење, можеби е идеален момент за да го преземете овој чекор и да почнете да штедите за посигурни пензионерски денови. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Колку милијарди губи Балканот од непријавените работници?

Објавено

на

Регионалниот совет за соработка откри дека економиите од Западен Балкан и натаму се соочуваат со нелојална конкуренција со непријавени работници. Штетите за буџетите се проценуваат на неколку милијарди евра, односно тоа е загубен потенцијал кој може да се искористи за вложувања во инфраструктурата и подобрување на сервисите за компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Предлогот за зголемување на минималната плата да се одмери уште еднаш

Објавено

на

Зголемувањето на минималната плата за 16 отсто што го најави Владата треба да се одмери уште еднаш, велат од Институтот Finance Think. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange