Connect with us

Анализи

Колку семејствата се способни да ги вратат кредитните рати, колку можат да плаќаат кирија

Објавено

на

Само 29% или помалку од една третина од домаќинствата во земјава можат редовно да ги враќаат земените кредити и да ги вратат заемите, утврдила Народната банка. Анализа на статистичките податоци покажала дека само 18% од македонските семејства може да си дозволат да плаќаат закупнина за стан. Податоците не се новина но, и Народната банка потенцира дека незадоволителната финансиска состојба на домаќинства и неможноста за редовно намирување на основните парични обврски наметнува потреба од нивно натамошно задолжување. Резултатите од истражувањата покажуваат дека дури 60% од семејствата сметаат дека нивните месечни примања главно или во целост не ги задоволуваат потребите.

„Оттука, независно од фактичката состојба кај овој сектор претставена преку показателите за нивната задолженост, ранливост и финансиска позиција, резултатите од анкетните истражувања спроведени на избран примерок на домаќинства покажуваат дека согледувањата на домаќинствата за нивната финансиска состојба и оптовареност со долг не се поволни упатувајќи на незадоволство за финансиската состојба и извесни потешкотии во намирувањето на трошоците за живот“, велат од Народната банка.

Оттаму утврдиле и дека зголемената задолженост на домаќинства е поткрепена и од нивните согледувања за нивото на потребните месечни парични средства со кои би можело нормално да се живее. Всушност околу 40% од домаќинствата сметаат дека месечни парични средства од 25.000 денари до 45.000 денари се соодветни за нормален живот.

Инаку во 2017 година има раст на долгот на домаќинствата, а според истражувањата околу една третина од домаќинствата сметаат дека нивната тековна финансиска состојба е полоша, додека помалку од 60 отсто сметаат дека е иста како и пред една година.

Анализи

Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

Објавено

на

Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните Sci-Fi филмови во детството, полека станува реалност во секојдневието. Кога станува збор за плаќањето, иднината пристигна и ние веќе живееме во реалност во која имаме виртуелен паричник. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Половина од светското население живее со помалку од 5,5 долари на ден

Објавено

на

„Светскиот економски напредок овозможи намалување на бројот на луѓе кои живеат во крајна сиромаштија, но речиси половина од жителите на планетата, или 3,4 милијарди луѓе и понатаму тешко ги задоволуваат своите елементарни потреби“ стои во соопштението на Светска Банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ДАНОЧЕН СИСТЕМ: Ако ги снема богатите, ќе патат сиромашните!

Објавено

на

Една малку подолга “приказна” која што се однесува на прогресивниот данок. Доколку имате 2-3 минути добро би било да ја прочитате… (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange