Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Колку реално треба да плаќаме за горивата?

Објавено

на

Малопродажната цена на бензините од овој понеделник на полноќ се зголеми за 1 денар, додека пак на дизелот за половина денар во согласност со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука донесена на 09.07.2018, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 72 денари, на Еуросупер БС-98 изнесува 74 денари. Еуродизелот се продава по 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар.

Пораст бележи и цената на мазутот и таа изнесува 34,711 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75,88 долари за барел и е повисока за 2,78 %, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,60 денари и е за 0,21% понизок.

Литар безоловен бензин и дизел за само 39 денари – толку би чинело горивото на бензинските пумпи ако од малопродажната цена се одбие делот кој оди за државата во форма на разни давачки, даноци и акцизи и остане само производствената цена и трговската маржа.

Нафтените деривати се користени од голем дел од населението и стопанството на директен или индиректен начин па токму затоа и претставуваат одличен извор на полнење на државната каса.

Во Република Македонија цената на нафтените деривати не се одредува на пазарот туку неа ја одредува Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели. Како два главни фактори кои влијаат на цената се движењето на девизниот курс на доларот во однос на македонскиот денар и цената на суровата нафта на светските берзи.

Основа за формирање на цената што ја плаќаме кога точиме гориво на бензинска пумпа, е рафинериската цена, која се одредува според методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД „Окта“ Скопје, потпишан меѓу Владата на Република Македонија и акционерското друштво „ЕЛ.П.Е.Т. – Балканики” како стратешки инвеститор, кое е во сопственост на грчки „Хеленик петролеум“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Анализи

Finance Think: Зголемениот минималец нема да влијае врз работните места

Објавено

на

Владата најави дека се очекува минималната (нето) плата да се зголеми на 13.000 денари, почнувајќи од 1 јули 2019 година. Минималната плата, како инструмент на политиките, беше воспоставена во 2012 година, на тогашното ниво од 8,050 денари (6.263 денари во секторите текстил, кожа и обувки). (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Рекордна профитабилност на банките во изминатата 2018 година, но странци го собираат профитот

Објавено

на

Банките во земјава за претходната 2018 година оствариле нето-добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната 2017 година е зголемување за 27,4%, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Избори и кредитирање – што се случува во банкарскиот сектор?

Објавено

на

Претседателски избори, догодина редовни парламентарни избори а во 2021 та година редовни локани избори – дали сите овие последователни изборни циклуси ќе се рефлектираат и во банкарскиот сектор, конкретно врз кредитирањето и шедењето? По завршување на првиот економски квартал Народната банка ги сумираше резултатите, на месечно ниво ( март/февруари) депозитната база е зголемена за 0,4% а кај кредитирањето порастот изнесува 1.0%, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните во банките, на крајот од првото тромесечје должеле 1,3 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange