Connect with us

Компании

Колку пари заработуваат членовите на Одборот на директори на Македонски телеком?

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за неколку кадровски промени во јавните претпријатија. Меѓу засегнатите компании беше и Македонски телеком АД.

Според одлука на Владата од Одборот на директори на Акционерско друштво за електронски комуникации Македонски телеком Скопје се отповикуваат досегашните членови:

  • Сашо Велевски – Неизвршен член;
  • Замир Мехмети – Неизвршен независен член;
  • Дивна Ефтимовска – Неизвршен независен член;
  • Мирослав Вуиќ – Неизвршен член и
  • Сашо Симјановски – Неизвршен член;

За нови членови на Одборот на директори се избрани:

  • Шкодране Зенуни Дарлишта – Неизвршен член;
  • Бардул Насуфи – Неизвршен член;
  • Зоран Китанов – Извршен член;
  • Нина Ангеловска – Неизвршен независен член;
  • Садула Дураку – Неизвршен независен член и
  • Аќиф Мехдиу – Неизвршен член;

Еве какви надоместоци, според „Податоците за примања во Македонски Телеком и во други друштва доколку членот е член на органи на управување и во други друштва (плата, надоместоци на плата, надоместок за членство, бонус, осигурување и други права)“, примале членовите на Одборот на директори назначени од Владата.

  • Назим Буши кој е неизвршен член и претседател на Одбор на директори лани земал 310.000 денари месечен надоместок за членство.
  • Сашо Велевски неизвршен член и заменик-претседател на Одборот на директори месечно добивал по 93.000 денари надоместок.
  • Сашо Симјановски како неизвршен член на Одбор на директори месечно добивал по 62.000 денари надоместок за член.
  • Мирослав Вујиќ неизвршен член на Одборот на директори земал надоместок во износ од 62.000 денари.
  • Дивна Ефтимовска која е неизвршен независен член на Одборот на директори исто така месечно добивала 62.000 денари како надоместок за членство.
  • Замир Мехмед, независен член на Одборот на директори земал месечен надоместок од 62.000 денари.

За очекување е идентичен месечен надоместок да добиваат и новите членови на Одборот на директори на Македонски телеком.

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Отворен Најголемиот онлајн саем за вработување: Над 500 отворени позиции во 130 компании од Македонија и регионот

Објавено

на

Синоќа, точно на полноќ, започна Регионалниот саем за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар: (more…)

Продолжи со читање



Популарно