Connect with us

Домашни банки

Колкав капитал Ви е потребен за да основате банка во Македонија?

Објавено

на

Секој од нас барем еднаш посакал да биде директор на голема корпорација или да има сопствена банка. Тоа датира уште од рано детство кога листовите од дрво се пари, а фиоката најблиску до прозорецот (што треба да претставува шалтер) е касата. 

Меѓутоа, тоа не е така едноставно во светот на возрасните. Треба голем капитал и многу работа, како и почитување на многу законски рамки, за да можете да имате сопствена банка. Сопствена банка – колку убаво тоа звучи.

“Банка” е правно лице со дозвола од гувернерот на Народната банка на Република Македонија основано согласно со одредбите од Законот за банки, чија основна дејност е прибирање депозити и други повратни извори на средства од јавноста и одобрување на кредити во свое име и за своја сметка.

Законот за банки, предвидува четири основни услови кои мора да ги исполните:

  • Банка се основа со почетен капитал од 310.000.000 денари.
  • Почетниот капитал од 310.000.000 денари и сите натамошни зголемувања на почетниот капитал мора да бидат само во паричен облик и да бидат уплатени во целост. Во Трговскиот регистар целосно уплатениот почетен капитал се впишува како основна главнина.
  • Банката е должна да ја одржува вредноста на почетниот капитал од 310.000.000 денари.
  • На банките не се применува обврската од Законот за трговските друштва за задолжително наведување на висината на основната главнина во меморандумот.

Банкарски активности може да врши само:

  • Банка која од гувернерот на Народната банка на Република Македонија добила дозвола за основање и работење;
  • Странска банка која од гувернерот добила дозвола за отворање и работење на филијала и
  • Банка од земја членка на Европската унија која, во согласност со овој закон, отворила филијала во Република Македонија.

Износите на почетен капитал запишан во Централен Регистар на Македонија, по банка се на следната листа:

  • Капитал Банка  855.687.751 денари
  • Силк Роуд 1.236.600.000 денари
  • Халк Банка 2.893.690.000 денари
  • Шпаркасе Банка 1.662.774.540 денари
  • Централна Кооперативна Банка  1.397.967.000 денари
  • Македонска Банка за Поддршка на Развојот 1.193.792.000 денари
  • ПроКредит Банка 613.712.400 денари
  • НЛБ Банка  854.061.000 денари
  • Стопанска Банка АД Скопје 3.511.242.000 денари
  • Комерцијална Банка АД Скопје 2.279.067.000 денари
  • Охридска Банка 1.368.327.500,00 денари
  • TTK Банка 907.888.000 денари
  • Еуростандард Банка 1.100.667.600 денари
  • Стопанска Банка АД Битола 1.172.931.000 денари

Во однос на капиталот потребен за покривање на ризиците, преземен е меѓународниот стандард за минимална стапка на адекватност на капиталот од 8%, при што Законот му дава право на гувернерот на НБРМ да пропише и повисока стапка, доколку некоја банка е изложена на поголеми ризици.

 

Домашни банки

Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“

Објавено

на

Банката донираше повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна Кооперативна Банка ќе издаде конвертибилна обврзница

Објавено

на

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ќе издаде конвертибилна обврзница со која ќе се задолжи за 5 милиони евра. Веста е содржана во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното вонредно акционерско собрание на таа банка закажано за 14 ноември.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка ја опреми со постелнина Детската клиника во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД ја предаде првата донација за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Со оваа донација на Силк Роуд Банка се овозможи целосно обновување на постелнините на сите креветчиња на Клиниката за детски болести. Средствата за набавка на новата постелнина во износ од 212 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

„Среќни сме што ја реализиравме првата донација во рамки на нашето парнерство со Клиниката за детски болести. Со нетрпение ги очекуваме и следните донации со кои сакаме да ѝ помогнеме на Клиниката во остварување на нејзината благородна мисија. Горди сме што заедно со нашите клиенти го спроведуваме овој долгорочен проект со кој веруваме дека ќе придонесеме за уште подобра здравствена грижа за најмладите“, изјави Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Релизацијата на првата донација од долгорочното партнерство помеѓу Силк Роуд банка и Универзитетската клиника за детски болести ја поздрави и Министерството за здравство.

„Здравствениот систем, како исклучително комплексен сегмент од секое општество, има потреба од поддршка и од приватниот сектор. Состојбите во здравството ќе бидат на многу повисоко ниво доколку сите општествени фактори ја споделат грижата за него. Оттука ја поздравувам оваа иницијатива која е јасен показател за високата свест и општествена одговорност на Силк Роуд банка и воедно ја користам оваа прилика да ги повикам и останатите компании да го следат примерот на оваа банка“, истакна министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во Република Македонија. Во просек, годишно, на оваа клиника болнички се лекуваат над 7 400 деца, а повеќе од 5 4000 деца добиват амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа.

„Првата донација од Силк Роуд Банка доаѓа во вистинско време, затоа што набавката на нова постелнината за целата болница е повеќе од неопходна. Овој модел за соработка меѓу нашата Клинката со Силк Роуд Банка функционира одлично и ни овозможува реализација за унапредување на условите во Клиниката. Придобивки ќе имаат децата пацинети, но и персоналот“, вели д-р Катерина Ставриќ, директорка на Универзитетската клиника за детски болести.

Покрај соработката со Клиниката за детски болести, Силк Роуд Банка континуирано реализира и други општествено одговорни активности, меѓу кои: поддршка на активностите на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и учеството во обезбедување помош на жителите на Стајковци погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.

Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен застапник за Американ Експрес картичките во земјава.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange