Connect with us

Анализи

Колку милијарди губи Балканот од непријавените работници?

Објавено

на

Регионалниот совет за соработка откри дека економиите од Западен Балкан и натаму се соочуваат со нелојална конкуренција со непријавени работници. Штетите за буџетите се проценуваат на неколку милијарди евра, односно тоа е загубен потенцијал кој може да се искористи за вложувања во инфраструктурата и подобрување на сервисите за компаниите.

Маја Ханџиска Трендафилова, директорката на програмското одделение на Регионалниот совет за соработка на конференцијата во Сараево истакна дека широко распространетата појава на непријавена работна сила ја лишува власта од поголеми даночни приходи и доведува до нелојална конкуренција и влијание на условите за работа и правата на работниците.

„Според анкетите за работната сила, се проценува дека помеѓу 20 и 30 отсто од вработените работат непријавени, додека според истражувањата на претпријатијата што ги спроведува Светска банка, речиси половината, односно 49,2 отсто од фирмите во регионот се натпреваруваат со фирми што работат на црно“, изјави Маја Ханџиска Трендафилова.

Таа додаде дека со оглед на големината на проблемот и на фактот дека тој е идентичен во целиот регион, „најдобриот одговор лежи во структуриран регионален пристап кој не е базиран само на санкции, туку и на поттикнување за преминување во формално вработување, меѓу другото, и со информирање за користа од истото“.

Според податоците на Регионалниот совет за соработка, Црна Гора има најголемо учество во неформалното вработување меѓу економиите на Западен Балкан, 33 проценти, а потоа следат Босна и Херцеговина со 30 проценти, Албанија со 29,4, косовската економија со 23 проценти, Србија со 19,5 и Северна Македонија со 18,5 проценти.

РСС заедно со Меѓународната организација на трудот (ИЛО) во наредните три години ќе работат на спроведување на втората фаза од проектот Платформа за вработување и социјални прашања што го финансира Европската унија.

Анализи

Оштетените штедачи во Еуростандард со апел: Актерите во пропаѓањето на банката да добијат оскар!

Објавено

на

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка преку соопштение доставено до редакцијата на Банкарство се обраќаат до јавноста со цел, како што велат тие да го започнат процесот на известување на јавноста за сите детали во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 најмногу ги погоди граѓаните со ниски приходи

Објавено

на

Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Главни акценти за периодот јануари – септември 2020 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра. Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно