Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Колку Македонија има успешни мажи?

Објавено

на

Да се биде успешен не значи да се остваруваат најголемите профити или да се заработуваат големи пари. Тоа е само еден дел од успехот. Да се биде успешен треба да се биде кредибилен пред се, да се биде мотив во општеството, да се вложува во заедницата и да се вложува во личен развој.

Од оваа година за прв пат Македонија ќе добие избор за Мажи на годината. Избор кој има за цел да ја препознае вистинската вредност на успешните мажи. Настанот кој е во организација на Фрајдеј и МОМЕНТУМ има за цел да прерасне во традиција.

Според Александар Манев, сопственикот на економскиот портал Фактор и дел од жири комисијата за избор на Мажи на годината, во Македонија има доста успешни мажи.

“Во Македонија имаме доста успешни мажи од еконoмска гледна точка, како сопственици на компании, менаџери на одредени институции кои знаат да се носат со своите предизвици. Да бидам искрен имам чувство дека немаме критична маса за одредени општествени работи и личниот развој на тоа поле како да го запоставуваме. Да се биде успешен не значи да се има само капитал, туку пред се да се биде личност која знае да помогне, која знае да направи работи кои се за почит пред се за себе и другите. Мислам дека ова е пред се поради економската ситуација во државата. Македонија е земја на која и фалат настани, призанија, и фали мотив за другите да можат да се пронајдат во квалитетот. Затоа вакви настани можат да бидат само коректив во иднина.  – изјави Александар Манев.

Првиот настан за избор на мажи на годината ќе се одржи на 28 ноември со почеток во 20 часот во Тренд Гастро Бар. Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА ќе се бира во неколку категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности,  Маж менаџер на годината, Странец менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Избор на маж според социјални медиуми. Секоја категорија има свое жири кое дава свои предлози за номинација и се бираат оние кои добиле најмногу гласови од жирито. Се бираат оние кои ги исполнуваат критериумите на организаторите.

Настанот е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и Асоцијацијата на менаџери на Македонија.

Останато

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Објавено

на

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Запознајте го Славе Стефановиќ: До 15% поевтин живот благодарение на платформата на Cashback

Објавено

на

Како Славе Стефановиќ ја изгради својата мрежа на пријатели во Cashback и добива

дополнителни попусти кај 1800 трговци (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange