Connect with us

Домашни банки

Колку експозитури и банкомати ќе поседува новата интегрирана Шпаркасе Банка Македонија?

Објавено

на

На ден 16.07.2021 година, Централниот регистар на Република Северна Македонија донесе Решение со кое правниот субјект Охридска банка АД Скопје беше избришан од регистарот, поради статусна промена и Решение за извршен упис на промена-присоединување за субјектот Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Викендов присоединувањето и официјално заврши при што Охридска банка АД Скопје се присоедини кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, припаѓа во групата на големи банки заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар.

Бидејќи двете банки во досегашното функционирање поседуваа голем број на експозитури и банкомати ширум државата, а често дел од нив беа и на речиси идентична локација, се поставува прашањето: „Колку експозитури и банкомати ќе поседува новата интегрирана Шпаркасе Банка Македонија?”

Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужува повеќе од 120.000 клиенти во земјата, преку 35 експозитури и широка мрежа на банкомати на околу 100 локации ширум државата.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес врши предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец октомври ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26 октомври 2021 година) во четири групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје: Од денес (26-ти октомври 2021 година) започна предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (26-ти октомври 2021 година), ќе врши исплата на пензијата за месец октомври на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка од денес започна со предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка денес (26-ти октомври) започна со исплата на октомвриските пензии.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно