Connect with us

Домашни банки

Колкав износ на дивиденда ќе добијат акционерите на ТТК Банка?

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година ТТК Банка АД Скопје од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 108,4 милиони денари (1,7 милиони евра) што претставува рекордна добивка од своето основање досега.

Нето добивката е зголемена за високи 7% во споредба со остварената нето добивка за претходната 2018 година која за банката беше една од најуспешните во нејзината корпоративна историја.

Со оглед на фактот дека последниве две години се најуспешните години од основањето на ТТК Банка АД Скопје, растат апетитите и очекувањата на акционерите во исчекување на исплатата на дивиденда.

На Седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје, одржана на 5.4.2019 година, беше донесена Одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата, со која се исплати дивиденда за 2018 година во бруто-износ од 95.328.240 денари.

Висината односно износот на бруто-дивидендата по акција изнесува 105,00 денари, односно 10,85% од номиналната вредност по акција.

Рекордната добивка за банката во комбинација со солидниот раст на вредноста на акциите се предуслов за „солена” дивиденда за акционерите на ТТК Банка АД Скопје.

Домашни банки

Силк Роуд Банка на корисниците на American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава

Објавено

на

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје продолжува со својата општествена одговорност за поздрава животна средина и за спортска активност и здрав начин на живот за граѓаните

Објавено

на

Со отворањето на #Велоштад во текот на вчерашниот ден, Скопје ја доби 6тата станица за поправка на велосипеди, донација од Стопанска банка АД – Скопје за Град Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Електронско ажурирање на личните податоци во НЛБ Банка без посета на експозитура

Објавено

на

Ажурирајте ги Вашите податоци во НЛБ Банка, брзо, лесно и едноставно! (more…)

Продолжи со читање

Популарно