Connect with us

Business Man

Колкав дел од богатството на Марк Закерберг се „стопи” со падот на социјалните мрежи!?

Објавено

на

Богатството на супербогатиот ко-основач на „Facebook”, Марк Закерберг се стопи за повеќе од шест милијарди долари за неколку часа по падот на цената на акциите на компанијата како резултат на критиките за нејзината политика, во комбинација со глобалниот колапс на пристапот до услугите.

Акциите на „Facebook”, една од водечките компании во Nasdaq индексот на високотехнолошките компании, паднаа за речиси пет проценти до 326,23 долари. Откако го достигна врвот во почетокот на септември, акциите загубија 15 проценти од својата вредност.

Социјалната мрежа е обвинета дека го става профитот пред безбедноста, откако внатрешна истрага откри дека нејзината платформа Инстаграм негативно влијаела на тинејџерките. Додадено на ова беше големиот прекин синоќа на пристапот до четири негови мрежи – „Facebook”, „Instagram”, „Whatsapp” и „Messenger”, кои обично ги посетуваат околу 3,5 милијарди луѓе ширум светот месечно. Како резултат на падот на акциите, 37-годишниот Марк Закерберг загуби повеќе од шест милијарди долари за само неколку часа, што го намали неговото богатство на 121,6 милијарди, пренесува „Bloomberg”. Неговите загуби од средината на септември до денес изнесуваат 15 милијарди долари.

Business Man

Живко Мукаетов се стекна со нови 600 акции од Алкалоид АД Скопје

Објавено

на

Првиот човек на нашата најголема фармацевтска компанија, генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, г-н Живко Мукаетов се стекна со 600 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје, известува компанијата преку објава на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 400 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина

Објавено

на

Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно