Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Колкава е платата на Папата Франциск!?

Објавено

на

Посетата на нашата земја на папата Франциск е главната вест деновиве која го привлече интересот на јавноста, а во медиумите се откриваат разни детали од неговата биографија за кои народот не слушнал многу.

Така, како еден интересен факт од биографијата на поглаварот на Римокатоличката црква е и неговото име. Имено, тој е роден на 17-ти декември 1936 година во Буенос Аирес како Хорхе Марио Бергољо.

За време на неговото прво јавно обраќање откако стана папа, на 16-ти март 2013 година, тој пред медиумите изјави дека за себе го избрал името на светецот Францис, бидејќи посебно бил загрижен за состојбата на сиромашните во светот.

Токму поради тоа, папата Франциск не добива плата за својата позиција. Всушност, папата Франциск конкретно се заветувал на сиромаштија, и тој не е во можност да поседува друг имот освен оној што го чува, поради тоа што е Римски епископ. Другите негови претходници кои не се заветувале за сиромаштија биле слободни да добијат плата, а папата Емеритус Бенедикт има пензија од 24.000 евра годишно.

Папата Франциск има пристап до стотици милиони долари секоја година, но ниту еден цент од тие пари не може да ги користи за лични цели. Сите тие пари се наменети за добротворни цели и црковни активности. Црквата како целина гарантира дека сите потреби на папата во однос на облека, засолниште и храна се обезбедени.

Значи, папата не зема плата, а доколку замине во пензија како неговиот претходник Бенедикт, неговата пензија ќе биде околу 1/10 од големината на платата од која се откажал.

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Објавено

на

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange