Connect with us

Странски банки

Колкава е вредноста на субординираните обврзници кои ги издаде НЛБ?

Објавено

на

Нова Љубљанска банка (НЛБ) успешно го заврши издавањето на субординирани обврзници на меѓународните пазари на капитал во износ од 120 милиони евра.

Овие се обврзници со рок на достасување од над 10 години и можност за предвремена отплата по пет години.

Побарувачката од добро информирани инвеститори беше значително поголема од понудата – книгата на налози надмина 290 милиони евра, пренесува порталот Seebiz.

Издавањето на субординирани обврзници за котација на дополнителен капитал е управувано од UBS Europe и НЛБ и тоа претставува прва меѓународна трансакција со капитал по успешната приватизација на банката. Во исто време, Нова Љубљанска банка (НЛБ) во соопштението за јавноста рече дека станува збор за една од ретките трансакции на пазарите на капитал издадени од банките од регионот.

„Успехот на трансакцијата ја потврдува силната доверба на инвеститорот во цврстината на деловниот модел на НЛБ и нашата зацртана стратегија“, рече Арчибалд Кремсер, извршен директор на Нова Љубљанска банка (НЛБ). Издавањето обврзници ќе и овозможи на НЛБ да ја зајакне и оптимизира својата структура на капиталот, како што е предвидено по завршувањето на јавната понуда на акциите.

Базата на инвеститори е разновидна и вклучува меѓународни и регионални инвеститори, главно од Германија, Велика Британија, Австрија, Хрватска и Словенија. Беа заинтересирани и меѓународни финансиски институции, пензиски фондови и меѓународни фондови, додаде банката.

Обврзниците со принос од 3,65 проценти на годишно ниво и оценка за ББ (S&P) беа котирани на берзата во Луксембург на денот на издавање.

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Лондонски „Schroders” го намали својот удел во НЛБ на под пет проценти

Објавено

на

Сопственичкиот удел на лондонската компанија „Schroders Plc” во словенечката НЛБ банка се намали на ниво под 5 проценти од досегашните 5,108%, објави банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно