Connect with us

Домашни банки

Колкава дивиденда ќе дели Комерцијална банка на своите акционери?

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2019 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.806,8 милиони денари (29,4 милиони евра) што претставува рекордна добивка од своето основање досега.

Нето добивката е зголемена за 1,5% во споредба со остварената нето добивка за претходната 2018 година која за банката беше најуспешна во нејзината корпоративна историја, кога Комерцијална банка АД Скопје оствари 1.780,3 милиони денари.

Со оглед на фактот дека последниве две години се најуспешните години од основањето на Комерцијална банка, очекувањата на акционерите се големи во очекување на исплата на дивиденда.

На ден 04.03.2019 година, Банката го објави Јавниот повик за учество на Годишно собрание на акционери кое се одржа на 04.04.2019 година. Составен дел на материјалите за Собранието беа и Одлуката за употреба и распределување на нераспределената добивка до 31.12.2018 година и Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2018 година.

Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2018 година и Одлуката за утврдување датуми при исплата на дивидендата за 2018 година, Банката почнувајќи од 07.05.2019 година изврши исплата на дивидендата за 2018 година на акционерите иматели на обични акции кои се евидентирани во книгата на акции на 19.04.2019 година. Од вкупно пресметаната дивиденда за 2018 година во износ од 957.208 илјади денари, исплатена е дивиденда на правни лица во износ од 536.520 илјади денари и на физички лица во износ од 420.688 илјади денари.

Износот на дивиденда по акција беше 420,00 денари, односно 42,0% од номиналната вредност на акцијата.

Оваа година акциите на Комерцијална банка забележаа солиден раст на вредноста, добивката по акција е 12,9 евра и тоа е за нијанса подобро од претходната година која беше најдобрата година досега за банката.

Рекордната добивка за банката во комбинација со големиот раст на вредноста на акциите се предуслов за „солена” дивиденда за акционерите на Комерцијална банка АД Скопје.

Домашни банки

Шпаркасе: Очекувајте ефикасно решение за одложување на обврските по основ на кредитни изложености

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија на својата веб страница објави кратка информација поврзана со развојот на концептот за олеснување на отплатата на кредитните изложености, за граѓаните и компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за промена на работно време на експозитура Скопје-ГТЦ на Штедилница Можности

Објавено

на

Штедилница Можности ги информира своите клиенти дека досегашното работно време на експозитурата во Скопје-ГТЦ од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот се менува и од 30.03.2020 година (понеделник) експозитурата ќе работи со променето работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје подготвува соодветна понуда за олеснување на отплатата на кредитните прозиводи за своите клиенти

Објавено

на

Во услови на вонредна состојба и значајни рестрикции кои со себе неминовно носат финансиски ефекти врз работењето на компаниите и примањата на населението, Стопанска банка АД – Скопје подготвува соодветна понуда за олеснување во плаќањето за сите свои клиенти на кредитни производи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно