Connect with us

Останато

Колемишевски: Ќе се заложиме преку PayPal да се продаваат и нашите производи на светскиот пазар

Објавено

на

Заменик министерот за економија Кирил Колемишевски денеска се сретна со Венко Глигоров и истакна задоволство од овозможувањето на PayPal во државата, но дека ќе се заложи и за продажба на македонските производи на странските пазари, со оглед дека оваа услуга е само достапна за купување на странски производи од граѓаните на нашата земја.

„Одлична средба денеска со Венко Глигоров, еден од нашите најискусни претприемачи и претставникот на приватната иницијатива за воведување на PayPal и останати платежни процесори.

Како што е познато, PayPal е овозможен во државата за купување на производи од странство, но нема можност за продажба на македонските производи на странски пазари.

Преку овозможување на PayPal сметам дека има голем потенцијал на македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светскиот пазар. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединците и професионалците, чии услуги и производи се барани во Европа и Светот.

Заедно ќе се заложиме овој сегмент од македонската економија да го динамизираме и да овозможиме услови за поголем извоз на македонските производи и услуги“, напиша заменик министерот за економија Колемишевски.

Останато

Се менува Законот за ДДВ, ќе се прифаќаат електронски фактури

Објавено

на

Со крајна цел да се олесни процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат – се предвидува во измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Арафат Муареми: Отворена е истрага за Еуростандард банка, а има и индиции за злоупотреба на европските фондови

Објавено

на

Финасиската полиција отвори предистрага за „Еуростандард банка“, изјави вчера во емисијата Трилинг на ТВ24 директорот на управата Арафат Муареми.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Објавено

на

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science. (more…)

Продолжи со читање

Популарно