Connect with us

Останато

Колемишевски: Зелената економија и поддршката на жените претприемачи е она кон кое треба како држава да се стремиме во иднина

Објавено

на

Практиките за општествена  одговорност треба да бидат што е можно повеќе промовирани во нашата држава и нашите бизнисмени треба да знаат дека преку такви практики го подобруваат имиџот на нивната компанија, стануваат препознатливи за потрошувачите и се зголемува  нивната продуктивност. Затоа велиме дека тоа е концепт кој треба да се промовира и применува. -истакна Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за Економија на трибината „Агенда – Економија 20 – 24″ во Скопје.

Еколошкиот, социјалниот и еколошкиот се трите столба на зелената економија кон која треба и ние како држава да се стремиме. -посочи Колемишевски.

Тој истакна дека светска практика е компаниите да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид, употребата  на пластика односно  поголема грижа за животната средина. Мошне е значајно да го запазиме еколошкиот  момент. Со оглед на тоа дека кај нас е актуелно загадувањето  и процесот на транзиција од претходниот на еколошкиот начин на работење, важно е да биде планирано без последици и по вработените и  компанијата, но и по животната средина.

Тој посочи дека социјалниот столб е насочен кон однесувањето на компаниите .Односно дали  таа компанија ќе ја загадува средината ќе има проблеми со општината или таа компанија ќе внимава на зачувување на средината но и ќе помага во градењето на поздрава животна средина на граѓаните.

Економскиот столб се однесува на доброто корпоративно управување и вклучување на сите за подигање на свеста на зелената економија,преку градење на општествена одговорност на  целата заедница.

Она што е исто така значајно како мерки кои почнаа, но во идниот период уште позасилено ќе треба да ги вклучиме се долгорочни мерки и политики, економско јакнење и креирање на работни места.

„Во таа насока е и поддршката и јакнењето на претприемничкиот дух на жените. Па така, во акцискиот план и програмата 20-24 е имплементиран Закон за гаранциски фонд за поддршка на женското претприемништво во вредност од  5 милиони  евра, а истовремено државата стои како  гарант пред комерцијалните банки” -посочи Колемишевски.

Останато

Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15

Објавено

на

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поддршка за исплата на плати и за месеците октомври, ноември и декември

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно