Connect with us

Останато

Колективна тужба против Гугл, оштетените бараат 5 милијарди евра оштета

Објавено

на

Во САД е поднесена колективна тужба против технолошкиот гигант „Google”.

Во тужбата се тврди дека компанијата незаконски ја нарушува приватноста на корисниците, набљудувајќи ја активноста на луѓето дури и кога пребаруваат содржина преку интернет користејќи го таканаречениот „приватен режим“ (private mode).

Обвинителите бараат најмалку 5 милијарди американски долари оштета од „Google” и од неговиот сопственик, компанијата „Алфабет“, пренесува „BBC“.

Многу корисници на интернет претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не се следи кога се пребарува содржината преку интернет во т.н. „приватен режим“ (private mode), но од „Google” велат дека тоа не е случај.

Од компанијата ги отфрлаат тврдењата дека постапуваат нелегално и дека пребарувачот на „Google” нема никакви нелегални активности, бидејќи, како што велат од компанијата, јасно ги информирале корисниците дека кога и да отворат ново јазиче „инкогнито“, веб-страницата на која се наоѓаат може да собере информации за нивната активност за пребарување.

Според адвокатската фирма „Boies Schiller Flexner LLP“, која поднесе тужба пред федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија во вторникот, во колективната тужба веројатно ќе бидат опфатени „милиони“ корисници на „Google” кои пребаруваат на интернет од 1 јуни 2016 година користејќи го таканаречениот „приватен режим“ (private mode).

Во тужбата се наведува дека „Google” „не смее да продолжи со тајното и неовластено собирање на податоци на скоро сите Американци кои имаат компјутер или паметен телефон“, пренесува „BBC“.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање


Популарно