Connect with us

Анализи

Кои финтек компании во Македонија ќе бидат конкуренција на банките?

Објавено

на

Најизвесно е дека тоа ќе бидат телекомуникациските оператори бидејќи веќе имаат ликвидни средства и голема база на клиенти, ИТ компаниите кои нудат или поседуваат софтверски решенија за процесирање и евентуално постоечките финансиски друштва, кои агресивно го освојуваат пазарот на финансиски услуги.

Веќе нема дилема дека на пазарот за вршење платежни услуги во земјава ќе се појават нови играчи, а тие нема да бидат банки. Тоа практично значи дека банките ќе ја немаат привилегијата да бидат единствени институции преку кои граѓаните и компаниите ги вршат неопходните плаќања и трансфери на парични средства. Освен привилегијата, банките ќе изгубат и дел од приходите од провизии што ги наплаќаат за вршење на овие услуги. Заканата за банките доаѓа од финтек компаниите, кои со новиот закон за платежни услуги, кој веќе се подготвува, добиваат можност да се вклучат во платниот промет во земјава.

Кои се потенцијалните финтек компании кои ќе се појават на пазарот во Република Северна Македонија? Најизвесно е дека тоа ќе бидат телекомуникациските оператори бидејќи веќе имаат ликвидни средства и голема база на клиенти, ИТ компаниите кои нудат или поседуваат софтверски решенија за процесирање и евентуално постоечките финансиски друштва, кои агресивно го освојуваат пазарот на финансиски услуги..

Секоја компанија која пружа финансиска услуга преку софтверско или друго технолошко решение, кое вклучува од мобилни апликации до криптовалути, е финтек. На сите финтек компании им е заедничко тоа што користат интернет, мобилни уреди, посебен софтвер или cloud сервис. Тие може да се занимаваат со плаќања, инвестирање, кредитирање, осигурување, крипто-тргување. Секогаш кога подигате пари на банкомат вие користите финтек услуга. Исто е и со плаќањето преку мобилни апликации или прегледување на салдото на сметка.

Од Народната банка на Република Северна Македонија веруваат дека со новото законско решение ќе се создадат услови за значајни промени во платежната дејност преку засилена дигитална трансформација.

„Новата регулатива ќе овозможи либерализација на пазарот на платежните услуги, поттикнување на иновациите и зајакнување на конкуренцијата, како и зајакнување на правата на потрошувачите за нивно информирање од страна на давателите на платежни услуги за условите за користење на услугите. Заедно со Министерството за финансии работиме на Законот, а веќе се изготвуваат и подзаконските акти што се во надлежност на Народната банка. Ако во следните години се искористат можностите што ќе се дадат со регулативата, потоа постојано ќе бидеме во можност да ги следиме трендовите“, изјави вицегувернерката Емилија Нацевска во интервјуто за Банкарство.мк, објавено во ноември минатата година.

Овие законски промени ќе овозможат погореспоменатите компании да отворат посебни друштва кои ќе нудат платежни услуги. Мали се шансите да се појават меѓународни финтек компании, барем додека целосно не се либерализира Законот за девизно работење.

Кој ќе ја добие битката – финтек компаниите или банките?

Тешко е да се каже. Од една страна, финтек компаниите ќе понудат конкурентни услуги со пониски провизии, а од друга страна, довербата на граѓаните е на страната на банките. Банкарите не сакаат да ги доживуваат финтек компаниите како конкуренција затоа што тие сакаат да личат на банка, но да не бидат банка.

Како финтек компаниите ќе освојуваат клиенти? Со пониски провизии и со брзи услуги. Телекомуникациските компании, на пример, имаат вишок ликвидност и доколку основаат финансиски друштва може да нудат разни поволности: овердрафт (дозволено пречекорување), кредити на помали износи, платежни картички. Финтек компаниите ќе бидат насочени на микро плаќања со пониски провизии. Секој граѓанин, доколку сака, ќе може да побара овие друштва да му отворат трансакциска сметка и на неа да депонира пари по потреба или, пак, на неа да му легнува целата плата. Финтек компаниите може да понудат и виртуелни волети (паричници), кои функционираат како затворен систем на плаќања помеѓу купувачот и трговецот, при што провизиите ќе бидат многу ниски. Но, мора да обезбедат добар заштитен систем кој ќе спречи евентуални злоупотреби, како крадење податоци и пари.

Како ќе одговорат банките на овие закани? Пред сѐ, ќе мора да ги намалат провизите на платежните услуги. Потоа, ќе им конкурираат на финтек компаниите со поповолни кредити условени со прилив на платата во истата банка, подолгорочни и кредити на поголеми износи. Во прилог на банките им оди и малиот пазар, кој може да биде ограничувачки фактор за успешноста на финтек компаниите. Магазинот „Економист“ прогнозира дека и Ковид-кризата ќе им помогне на банките бидејќи ги натера компаниите и домаќинствата да ги вратат парите на депозитните сметки во банките. Додека трае финансиската криза предизвикана од пандемијата, многу клиенти повеќе ќе им веруваат на банките дека ќе се грижат за нивните пари.

Но, финтек компаниите дефинитивно ќе ги натераат традиционалните банки да инвестираат во дигиталното работење и да ги трансформираат хартиените и мануелните начини на работење преку понуда на апликации и на поширок спектар на услуги. Едноставно алгоритмите им овозможуваат на финтек компаниите да бидат многу брзи, а тоа клиентите го сакаат. Финтек компаниите ги искористија тромоста и наметнувањето строги услови од банките како простор за сопствен развој и усовршување. Тоа се гледа преку нивната агилност, брзината на услугите, но и јасното насочување кон целната група која сѐ уште не е врзана и нема навика да оди во традиционална банка. Тоа се, на пример, милениумците – новата генерација 30+, која има свои специфичности, особено потребата од напредни ИТ решенија.

Банките и финтек компаниите не се само непријатели

Овие два света генерално се гледаат како непријатели, но новите времиња бараат прилагодување и веројатна соработка помеѓу финтек компаниите и традиционалните играчи во финансиската сфера. Некои банки веќе ангажираат финтек компании за развој на одредени сервиси со цел да понудат конкурентни услуги на пазарот. Финтек компаниите се атрактивни деловни партнери затоа што работат брзо и се поиновативни од банките.

Нов модерен сектор во финтек индустријата кој привлекува сѐ повеќе инвеститори е „Tech for fin“, кој се состои од понуда на big data, технологија за вештачка интелигенција или сајбер сигурност со цел да им се овозможи на финансиските компании (банки и осигурителни компании) да добијат на ефикасност и продуктивност. Стручноста на „Tech for fin“ им овозможува на банките подобро да ги сегментираат клиентите, да им нудат производи во вистинско време, подобро да управуваат со ризиците и да се борат против измами.

Анализи

АНАЛИЗА: Плата v.s Трошоци – за основна живеачка потребни се 554,5 евра месечно!

Објавено

на

Расте просечната плата во државата, но растат и трошоците на живот. Според статистиката во мај годинава во споредба со истиот месец лани просечната нето плата се зголемила за 8,8%, пишува “Порталб”. Според податоците пак од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на “минималната синдикална кошница” се зголемила за скоро 12 евра во јуни годинава во споредба со истиот месец лани. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Повеќе пари за здравството, капитални расходи, економијата и граѓаните со усвоениот ребаланс на Буџетот

Објавено

на

Повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права, се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2021 година што го усвои вчера Собранието. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Наместо надувување на капиталните расходи, потребно е да се стави фокус на ефикасноста на трошењето

Објавено

на

„Finance Think” во својот коментар за ребалансот на Буџетот за 2021 година порачува дека тој претставува „најгломазниот план од постоењето на државата кој треба да овозможи постпандемиски поттик на економијата“, но сепак, според нив, ребалансот укажува на недоволна волја за кратење на непродуктивните трошења и зголемување на капиталните расходи вон можноста на институциите да реализираат капитални проекти и со значајно помал обем, како што беше случајот во претпандемискиот период. (more…)

Продолжи со читање

Популарно