Connect with us

Домашни банки

Кои се старо-новите членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка?

Објавено

на

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, ТТК Банка преку соопштение на Македонска берза известува за следните измени во органите на управување односно во Надзорниот одбор на Банката.

М-р Глигорие Гоговски, Борислав Трповски, проф. д-р Арсен Јаневски, Драгица Јовановска и Трим Ќемали се реизбрани за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка.

„Ве известуваме дека со решениja на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија од 12.3.2021 година, е издадена претходна согласност за именување – реизбор на м-р Глигорие Гоговски, Борислав Трповски, проф. д-р Арсен Јаневски, Драгица Јовановска и Трим Ќемали за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопјe, а на 22.3.2021 година е извршен упис во надлежниот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија.”, се вели во соопштението на Банката.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно