Connect with us

Криптовалути

Кои се ризиците од вложување во криптовалути?

Објавено

на

Вложувањето во криптовалути по правило се смета за високоризично. Високиот ризик што го преземаат лицата кои вложуваат во криптовалути произлегува од високата променливост на нивната пазарна цена, а што е значително повисока споредено со променливоста на други финансиски и нефинансиски средства, на пример курсевите на суверените валути, приносите на акциите, или, пак, цените на стоките што се предмет на тргување на глобалните пазари (на пример нафтата).

Ова значи дека за краток временски период се можни значителни промени во пазарната цена на криптовалути, и тоа како во нагорна, така и во надолна насока. На пример, пазарната цена на биткоинот, историски анализирано, имала дневни промени коишто се над вообичаените пазарни дневни промени на берзанските индекси или цените на акциите коишто по правило се едноцифрени.

Исто така, различни истражувања укажуваат и на ризикот од формирање т.н. меур (англ. bubble) во пазарната цена на криптовалути. На пример, на следнава слика може да се забележат одговорите на испитаници кои се професионални учесници на финансиските пазари за тоа кај кои средства на почетокот од 2021 година постои највисок ризик од појава на т.н. меур во динамиката на нивната пазарна цена. Како што се гледа од сликата, за биткоинот како најпопуларна криптовалути, на скалата од 0 до 10, каде што 10 е оценка за „екстремен ризик од појава на меур“, е добиена највисока просечна оценка од 8,7.

Покрај ова, глобалниот пазар на криптовалути е прилично хетероген, што се потврдува и со фактот дека постојат речиси 7.000 криптовалути, коишто се разликуваат според начинот на нивното создавање или целта за која се издадени. Но, истовремено, глобалниот пазар на криптовалути е и прилично концентриран, што се потврдува со фактот дека пазарната капитализација на најголемата криптовалута е околу 68% од вкупната пазарна капитализација на сите криптовалути, а најголемите десет криптовалути според пазарната капитализација претставуваат околу 90% од вкупната пазарна капитализација на сите криптовалути (заклучно со првата половина на јануари 2021 година). Посебен ризик, како од регулаторен, така и од инвеститорски аспект претставува прибирањето средства од широката инвеститорска јавност преку иницијални јавни понуди на крипто-средства (ICOs) за финансирање определени проекти, со цел да се заобиколат важечките регулаторни барања за реализација на иницијални јавни понуди (IPOs) на финансиски инструменти.

Оттука, сите коишто вложуваат треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ефекти од нивните вложувања. Треба да бидат свесни дека вредноста на криптовалутите може да биде и нула.

Исто така, треба да се напомене дека при вложување во криптовалути, лицата се изложуваат и на бројни оперативни ризици и други ризици од загуба на нивниот имот, посебно во услови на развој на голем број јавни или приватни децентрализирани инфраструктури врз коишто се заснова поседувањето на крипто-средствата и нивната нерегулираност во глобални рамки. Со оглед на тоа дека издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средствата зависи од компјутерски системи и софтвери, во оваа сфера многу големо значење имаат ризиците поврзани со дигиталниот простор (т.н. кибер ризици) и можноста за т.н. хакерски напади. Покрај ова, поради високото ниво на анонимност при поседувањето одредени криптовалути, како и при спроведувањето на трансакциите со криптовалути, се зголемува и ризикот од перење пари и финансирање тероризам. Со тоа се зголемува ризикот од времено или целосно блокирање на одредени платформи и од замрзнување на дигиталните паричници на клиентите, како резултат на мерки на надлежните органи за спречување перење пари и финансирање тероризам или надлежните органи за истражување финансиски криминал. Исто така, и финансиските институции можат да одбијат спроведување платежни трансакции што се поврзани со вложување во криптовалути, доколку оценат дека таквите трансакции ги изложуваат нив или нивните клиенти на високо ниво на ризик од перење пари или финансирање тероризам.

Народната банка апелира до потенцијалните инвеститори да внимаваат и да прават разлика и меѓу дигитални валути коишто може да ги издадат централните банки (CBDC) и криптовалути издадени од приватни субјекти, а чија вредност е поврзана со вредноста на одредена суверена валута (англ. stablecoins). Кај овие криптовалути (англ. stablecoins), независно што нивната вредност е „покриена“ со одредено портфолио валути, сепак тие секогаш се издаваат од приватни субјекти, според нивни правила. Поради ова, инвеститорите треба да внимаваат за да не се доведат во заблуда или да изградат погрешни очекувања, имајќи ја предвид сличноста на називите и/или карактеристиките на овие два вида дигитални средства, а со тоа да се изложат и на потенцијален ризик од измама.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

“BITCOIN CITY” – Ел Салвадор сака да стане финансиски центар на светот!?

Објавено

на

Ел Салвадор планира да го изгради првиот „Биткоин град“ во светот, првично финансиран од обврзници поддржани од биткоини, најави претседателот на државата, Најиб Букеле. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

БАЛКАНОТ ПОЛУДЕ ПО КРИПТОВАЛУТИ – Побарувачката зголемена седумкратно, а вложуваат економисти, банкари, пензионери…

Објавено

на

Не само што светот полуде по биткоини и останати криптовалути туку и криптовалути почнаа масовно да се купуваат на Балканот, иако до неодамна дигиталните криптовалути беа табу тема. До пред само неколку месеци повеќето Балканци со незадоволство и неверување гледаа на овој „виртуелен свет“, а во моментов со криптовалути на големо се тргува и заработува. И тоа буквално сите тргуваат со криптовалути од економисти и банкари, до лекари, музичари, луѓе без работа, пензионери итн… (more…)

Продолжи со читање


Популарно