Анализи
Кои се професиите во најниски приходи во земјава?

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за мај просечната исплатена нето плата во земјава била 28.721 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку под државниот просек.
Во продолжение ви ги прикажуваме петте дејностите со најниски месечни приходи:
1. На листата на најмалку платени професии се вработените во секторот заштитни и истражни дејности – нивната просечна плата во септември била 16.207 денари нето износ или само 264 евра. Вработените во овој сектор добиваат пониски приходи од државниот просек за 12.514 денари.
2. Втори на листата се вработените во секторот за производство на кожа и слични производи од кожа, кои во мај просечно земале 17.266 денари или 280 евра.
3. Следуваат вработените во секторот за производство на облека, каде просечната плата е 17.635 денари или 287 евра.
4. На четврто место се вработените во услужниот сектор поврзани со одржување на згради и дејности за одржување на животна средина и природа, со просечна плата од 18.349 денари.
5. На петтото место се вработените во секторот дејности за подготовка на оброци и служење храна, со плата од 18.828 денари.
Анализи
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.⇑ (more…)
Анализи
ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата. (more…)
Анализи
Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје