Connect with us

Кредити

Кои се предностите на СМАРТ кредитот на Комерцијална банка?

Објавено

на

СМАРТ кредитот е револвинг потрошувачки кредит во денари за физички лица, со вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. Може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка и на корисниците им овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка, согласно потребите.

Уште поважно, клиентите имаат на располагање максимум 400.000 денари, кои ги трошат секогаш кога имаат потреба од нив. СМАРТ кредитот е со едноставна процедура за одобрување и без ограничен рок на важност.

Овој кредит има уште една поволност за корисниците, во случај на спреченост за отплата вклучува осигурување без надомест, преку Триглав Осигурување.

Предности на СМАРТ кредитот:

  • Денарски кредит кој овозможува зголемена куповна моќ за корисникот;
  • Вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата преку Триглав Осигурување АД Скопје, без дополнителен надомест;
  • Максимален износ на одобрен кредит до 400.000 денари, зависно од кредитоспособноста на корисникот;
  • Флексибилно кредитирање и отплата – клиентот користи онолку средства од одобрениот кредитен лимит колку што му се потребни;
  • Без жиранти, без административна забрана од плата и едноставна постапка за добивање;
  • Промотивно до 31.12.2020 година:
    – без надомест за аплицирање и обработка;
    – 7,0% годишно каматна стапка на искористениот износ до кредитниот лимит, 9,5% над износот на кредитниот лимит;
    Користење на расположливите средства 24 часа на ден преку банкомат;
  • Без провизија за подигање готовина;
  • Без провизија за проверка на состојба на банкомат;
  • Можност за едноставно префрлање на средства од кредитот на трансакциска сметка без провизија и нивно користење преку дебитна картичка;
  • Доспевање на долг на 15-ти во месецот (нема бескаматен период);
  • Едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
  • Можност за минимално враќање од само 3% од искористениот дел од кредитниот лимит;
  • Поволна каматна стапка на искористениот дел од кредитниот лимит;
  • Можност за прилагодување на дневните лимити на картичката;
  • Едноставно следење на состојбата на сметките преку услугите Интернет банкамБанка и SMS банкарство;
  • 24-часовна поддршка за корисниците.

Користење на СМАРТ кредит

СМАРТ кредитот може да се користи преку картичка за подигнување и уплата на готовина во денари на сите банкомати на Комерцијална банка АД Скопје (доколку клиентот при аплицирање избере да користи картичка) или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката, од каде може да ги користи преку својата дебитна картичка.

СМАРТ кредитот на клиентите им нуди флексибилност во користењето и отплатата на средствата. За подобро да се запознаете со револвинг принципот на користење на овој кредит, прочитајте го следниот Информатор за користење на СМАРТ кредитот.

За поголема сигурност и комфор при користењето на СМАРТ кредитот преку картичка ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје

Кредити

СМАРТ кредит преку картичка – нов кредит од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка го промовираше новиот револвинг потрошувачки кредит (СМАРТ кредит) кој е наменет за физички лица и во денари, истиот има и вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нов кредитен продукт на Штедилница Можности – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата КОВИД-19!

Објавено

на

Штедилница Можности како дел од Проектoт на УСАИД за развој на деловниот екосистем, лансираше нов специјален кредитен продукт за поддршка на дејностите погодени од пандемијата – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата  КОВИД-19! (more…)

Продолжи со читање

Кредити

„Купи го тоа што ти се допаѓа“ – Нови промотивни услови за потрошувачки кредити од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје воведува нови промотивни услови за потрошувачките необезбедени кредити за физички лица. Отсега, сите апликанти може да аплицираат за потрошувачки кредити до 1.200.000 денари со рок на отплата до 10 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно