Connect with us

Платежни картички

Кои се поволностите на кредитни картички?

Објавено

на

Не секој од нас секогаш ги има на располагање сите потребни средства за да може да си го дозволи тоа што му е неопходно, или пак она што му е желба. Најбезбеден и најсигурен начин за да ги добиеме тие потребни дополнителни средства се банкарските кредитни картички. Кредитните картички овозможуваат користење на средства во висина на кредитниот лимит кој е одобрен од банката.

Конкретно Халкбанк АД Скопје, една од највисоко рангираните банки на македонскиот финансиски пазар, нуди повеќе видови Visa и Mastercard кредитни картички со голем број поволности и предности. Сите кредитни картички овозможуваат пристап до одобрениот кредитен лимит во кое било време, истите се меѓународни, поддржуваат интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност при интернет плаќање 3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code.

Mastercard Standard и Mastercard Credit Contactless кредитните картички нудат можност за плаќање на минимален долг во износ од 5% и плаќање и до 60 рати без камата кај партнерите на Халк. Mastercard Credit Contactless која е бесконтактна картичка овозможува брзо и безбедно плаќање на износ до 2000 денари без потреба од внесување на пинот на картичката. Третиот вид на Mastercard кредитни картички е Mastercard World Contactless кредитен лимит до 1.200.000 денари, минимален револвинг кредитен лимит до 100.000 денари, месечна минимална отплата на 10% од искористениот кредит, плаќање до 60 рати без камата и купување со попуст кај одредени Халк партнери. Со оваа картичка имателот станува дел од Mastercard Platinum клубот каде имате можност да ги користите сите негови привилегии и бенефиции, како и да бидете дел од Lounge Key програмата.

Visa Classic кредитните картички нудат плаќање на минимален долг од 5%, плаќање и до 60 рати без камата кај партнерите на Халк, како и можности за купување со попуст. Visa Gold кредитната картичка нуди кредитен лимит до 60.000 ден. и исто така плаќање на минимален долг од 5%, плаќање и до 60 рати без камата кај партнерите на Халк како и можности за купување со попуст. Со Visa Gold кредитните картички добивате  AMSM Europe Premium Картичка и привилегии при патувањата. Visa PayWave Credit картичките се со фиксна каматна стапка од 7,7% и е достапна за сите физички лица, клиенти на банката, кои имаат редовни примања од плата или пензија. Со оваа картичка имате можност да плаќате 2, 3, 6, 12 и 24 рати во зависност од износот на направената трансакција на ПОС-терминали, интернет, АТМ на Халкбанк и во сите други банки во земјата и во странство. Плаќањето на рати автоматски се пресметува зависно од износот на трансакцијата на која се пресметува камата, без грејс период. Максималниот кредитен лимит на овој вид кредитни картички достигнува до 5 плати, односно 200.000 денари.

Кредитниот лимит ќе биде одреден во склад со вашите можности и, се разбира, кредитните политики на Банката. За сите кредитни картички може да се аплицира онлајн или во најблиската Халк филијала, а истата ќе биде изработена во рок од 2 работни денови по одобрувањето.

Платежни картички

Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија

Објавено

на

Проблем со редовното функционирање на платежните картички и уредите на кои тие најчесто се користат (трговија и банкомати) се појави во текот на денешниот ден откако речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Мастеркард ги лансираше Google Pay и Google Wallet за корисниците на картички во Северна Македонија

Објавено

на

Со поддршка на Мастеркард, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје се првите локални банки што воведуваат Google Pay, овозможувајќи им на имателите на картички да ги искористат предностите на едноставни и безбедни бесконтактни плаќања и складирање на дигитални картички на Android и WearOS уредите. Имателите на картички можат да ги складираат кредитните и дебитните картички на НЛБ банка и Стопанска банка на Google Wallet, дигитален паричник и да вршат плаќања секаде каде што бесконтактните плаќања се прифатени. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Освој TESLA само со Mastercard® картичките од Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на Mastercard дебитните и кредитните картички. (more…)

Продолжи со читање

Популарно