Connect with us

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании заклучно со третиот квартал од 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опоравува од пандемијата на коронавирусот, а доказ за тоа е профитабилноста на компаниите. Заклучно со третиот квартал од годинава, македонските компании ја зголемиле добивката за 52,30 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 30 септември 2021 година три се банки, од кои две од нив се наоѓаат на првите три места по заработката.

Македонските компании кои котираат на Македонска берза досега направиле профит од 230 милиони евра, што е за 79 милиони евра повеќе споредено со претходната состојба во истиот период за 2020 година. Зголемувањето на профитабилноста на компаниите се должи на податокот дека оваа година дури 72 компании работат со добивка заклучно со третиот квартал, додека само 20 компании оствариле негативен финансиски резултат.

Од постигнатите резултати може да се забележи дека заживувањето на економијата и олабавувањето на рестриктивните мерки во голема мерка влијаеа врз профитабилноста на компаниите.

КомпанијаНето-добивка (до 30.09.2021 година) во 000 МКДНето-добивка (до 30.09.2020 година) во 000 МКДРазлика (споредено со 30.09.2020 година)Разлика (споредено со 30.09.2020 година) во %
Стопанска банка АД – Скопје1.813.1291.422.078391.05127,51
НЛБ Банка АД Скопје1.689.0261.265.413423.61333,48
Македонски Телеком АД1.531.5851.145.006386.57933,76
Комерцијална банка АД Скопје1.355.1291.310.65044.4793,39
Макпетрол АД Скопје1.255.654221.3861.034.268467,18

Апсолутен лидер според остварениот финансиски резултат е Стопанска банка АД – Скопје. Оваа банка за три квартали од тековната година оствари нето добивка од 1.813.129 илјади денари или 29,5 милиони евра, што претставува зголемување за 27,51% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Подобрување на резултатите од работењето има речиси кај сите позиции, пред сè, како резултат на воспоставениот бизнис-модел на Стопанска банка АД – Скопје, приспособен на потребите на клиентите и на пазарот.

На второто место се наоѓа уште една банка која може да се пофали со фантастичен финансиски резултат и солидна добивка за девет месеци работење од 2021 година. Станува збор за НЛБ Банка АД Скопје која оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа нето добивка од 1.689.026 илјади денари или 27,5 милиони евра, што претставува зголемување за високи 33,48% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Зголемувањето на добивката е резултат на зголемување на приходите кои се повисоки за 18,9% во однос на истиот период претходната година.

На третото место според остварената добивка се наоѓа водечкиот национален телекомуникациски оператор Македонски Телеком АД Скопје кој оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа добивка од 1.531.585 илјади денари или 24,9 милиони евра. Тоа е зголемување на добивката за 33,78% споредено со истиот период од минатата година. Растот на добивката пред се се должи на зголемување на приходите, инвестициите и ширењето на 5G мрежата.

На четвртата позиција според остварениот финансиски резултат се најде Комерцијална банка АД Скопје со нето добивка од 1.355.129 илјади денари или околу 22 милиони евра. Финансискиот резултат на Комерцијална банка АД Скопје заклучно со третиот квартал од годинава е позитивен, но банката бележи послаб пораст на добивката за 3,39% во однос на остварената добивка за истиот период од претходната година. Послабиот раст на добивката се должи на помалиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот (во истиот период минатата година од продажба на преземен имот се реализирани значително поголеми приходи).

Најдобрите пет компании по остварени најдобри финансиски резултати ги заокружува Макпетрол АД Скопје со нето добивка во износ од 1.255.654 илјади денари, односно 20,4 милиони евра. Но, битно е да се напомене дека Макпетрол АД Скопје бележи раст на добивката за неверојатни 467,18%, споредено со истиот период од претходната година. Повеќекратното зголемување на добивката по оданочување се должи на реализираната
блок трансакција за продажба на акцијата, сопственост на Макпетрол АД Скопје, во ГА-МА АД Скопје, односно користењето на паричните средства од продажбата за враќање на обврските по кредити на Друштвото.

Според оваа анализа најуспешните пет компании кои котираат на Македонска берза заклучно со 30 септември 2021 година, веќе имаат добивки од нешто повеќе од 124 милиони евра, што е сума за почит со оглед дека овие добивки од работењето се остварени во услови на постепено закрепнување на економијата од последиците поврзани со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот Kовид-19, но сепак и понатаму остануваат присутни одредени ризици и неизвесност поврзани со пандемијата.

Сите пет водечки компании бележат зголемување на добивката во однос на истиот период од лани. Најголем раст на добивката гледано процентуално бележи Макпетрол АД Скопје, додека пак најмал раст на добивката бележи Комерцијална банка АД Скопје. Веќе подолг период, апсолутен лидер во целокупното рангирање е Стопанска банка АД – Скопје, но НЛБ Банка опасно се приближува до самиот врв.

Со оглед дека од петте најпрофитабилни компании, три се банки, може да се истакне дека банкарскиот сектор во Македонија е најпрофитабилен!

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Анализи

Досегашниот развој на EOS Matrix испраќа силна порака

Објавено

на

EOS Групацијата и покрај падот на приходите од 7,1% сепак успешно ја комплетираше фискалната 2020/21 година. Заработката пред оданочување е поставена на охрабрувачко ниво во целина. На 534,3 милиони евра инвестициски обем во побарувања, се забележува намалување на откупувањето во однос на претходната година (651,3 милиони евра), на ниво помало од планираното како резултат на пандемијата, но од групна перспектива постојаното високо ниво продолжува и понатаму. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: За девет месеци од годинава македонските банки заработиле исто колку лани за цела година

Објавено

на

Македонските банки се алфа и омега во споредба со сите останати компании кога е во прашање профитабилноста. Додека кризата навлезе во сите сфери на општеството и целиот бизнис сектор се соочува со намалени приходи и стопени профити, банките и понатаму од година во година рушат рекорди по заработка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

БАНКАРСКИОТ СЕКТОР Е НАЈПРОФИТАБИЛЕН! – Колку заработија водечките три банки заклучно со третиот квартал на 2021 година?

Објавено

на

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека заклучно со третиот квартал на 2021 година водечките три македонски банки (Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка) оствариле добивка од 79 милиони евра, што претставува зголемување за високи 21,63% во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2020 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно