Анализи
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година.
Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 31 декември 2021 година три се банки и истите се наоѓаат на водечките три места по заработката.
Македонските компании кои котираат на Македонска берза за претходната 2021 година направиле профит од 273 милиони евра, што е за 50,5 милиони евра повеќе споредено со претходната 2020 година. Зголемувањето на профитабилноста на компаниите се должи на податокот дека во 2021 година дури 73 компании работеле со добивка, додека само 18 компании оствариле негативен финансиски резултат.
Компанија | Нето-добивка (2021 година) во 000 МКД | Нето-добивка (2020 година) во 000 МКД | Разлика (споредено со 2020 година) | Разлика (споредено со 2020 година) во % |
Стопанска банка АД – Скопје | 2.465.956 | 1.957.217 | 508.739 | 25,99 |
Комерцијална банка АД Скопје | 2.328.320 | 1.939.134 | 389.186 | 20,07 |
НЛБ Банка АД Скопје | 2.219.107 | 1.704.271 | 514.836 | 30,21 |
Македонски Телеком АД | 1.591.293 | 1.603.171 | -11.878 | -0,74 |
Алкалоид АД Скопје | 1.304.988 | 1.167.524 | 137.464 | 11,77 |
Од постигнатите резултати може да се забележи дека заживувањето на економијата и значителното олабавување на рестриктивните мерки во голема мерка влијаеа врз профитабилноста на компаниите.
Апсолутен лидер според остварениот финансиски резултат е Стопанска банка АД – Скопје. Оваа банка за изминатата 2021 година оствари нето добивка од 2.465.956 илјади денари или 40,1 милиони евра, што претставува зголемување за 25,99% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.
Ваквиот резултат претставува континуитет на повеќегодишното успешно работење на Стопанска банка АД – Скопје кое се заснова на нејзините здрави деловни фундаменти поткрепени со применетиот успешен бизнис-модел, силната капитална позиција, прудентното управување со ризиците и применетите принципи на добро корпоративно управување.
Финансискиот резултат е остварен во услови на органски раст на активата на Банката, како и преземени активности и мерки за раст на бизнис-активностите во согласност со нејзината деловна политика.
На второто место се наоѓа уште една банка која може да се пофали со фантастичен финансиски резултат и солидна добивка остварена од работење во 2021 година. Станува збор за Комерцијална банка АД Скопје која оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа нето добивка од 2.328.320 илјади денари или 37,9 милиони евра, што претставува зголемување за високи 20,07% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Зголемувањето на добивката е резултат на зголемување на приходите од редовното работење.
На третото место се наоѓа НЛБ Банка АД Скопје заокружувајќи го водечкото трио на најуспешни македонски компании, а воедно и водечки банки во Македонија. НЛБ Банка оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа добивка од 2.219.107 илјади денари или 36,1 милиони евра, што претставува зголемување за енормни 30,21% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. НЛБ Банка процентуално бележи највисок пораст на добивката за претходната 2021 година од водечките 5 најпрофитабилни компании.
Во текот на 2021 година, НЛБ Банка оствари позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси. Во анализираниот период, Банката продолжи со имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.
На четвртата позиција според остварената добивка се наоѓа водечкиот национален телекомуникациски оператор Македонски Телеком АД Скопје кој оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа добивка од 1.591.293 илјади денари или 25,9 милиони евра. Компанијата бележи минимално намалување на добивката за 0,74% споредено со истиот период од минатата година. Намалувањето на добивката пред се се должи на милионските инвестиции во ширењето на 5G мрежата.
Најдобрите пет компании по остварени најдобри финансиски резултати ги заокружува Алкалоид АД Скопје со нето добивка во износ од 1.304.988 илјади денари, односно 21,2 милиони евра. Алкалоид АД Скопје бележи раст на добивката од 11,77%, а тоа пред се се должи на порастот од 5% на вкупните остварени продажби на производи и на услуги. Продажбите на странските пазари бележат зголемување од 6%, додека пак продажбите остварени на домашен пазар се зголемени за 4%.
Четири од петте водечки компании бележат зголемување на добивката во 2021 година во однос на претходната, а само Македонски Телеком АД Скопје бележи минимално намалување. Најголем раст на добивката гледано процентуално бележи НЛБ Банка АД Скопје, додека пак најмал раст на добивката бележи Алкалоид АД Скопје. Веќе подолг период, апсолутен лидер во целокупното рангирање е Стопанска банка АД – Скопје, но Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка опасно се приближуваат до самиот врв.
Со оглед дека од петте најпрофитабилни компании, три се банки, може да се истакне дека банкарскиот сектор во Македонија е убедливо најпрофитабилен!
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
Анализи
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Зголемен интересот за осигурување при земање банкарски заем од приватни лица – Триглав Осигурување Живот на врвот на листата со продадени полиси за осигурување на кредитобарателите

Откако Агенцијата за супервизија во осигурувањето извести за движењата во третиот квартал од минатата година на осигурителниот сектор, Банкарство.мк направи свој краток осврт за тоа какви се резултатите на компаниите кои се грижат за сигурноста на нашите граѓани, а какви се и искуствата на клиентите, кои се нивните потреби и кое е нивото на култура за инвестирање и осигурување кај нас. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка