Анализи
Кои се петте компании со најголеми добивки во првите три месеци од 2020 година – Од топ 5, три се банки


Македонскиот приватен сектор имаше нешто послаб прв квартал од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 31 март 2020 година три се банки, од кои две се наоѓаат во топ три.
Македонските компании кои котираат на Македонска берза досега направиле профит од 29 милиони евра, што е за 11,3 милиони евра помалку споредено со претходната состојба во истиот период за 2019 година. Намалувањето на профитабилноста на компаниите се должи на податокот дека оваа година дури 37 компании работат со загуба во првиот квартал на 2020 година, додека 59 компании оствариле позитивен финансиски резултат.
Овој резултат е постигнат и покрај пандемијата на вирусот Ковид-19 којашто во Македонија започна да се шири кој средината на месец март.
Апсолутен лидер според остварениот финансиски резултат е Стопанска банка АД – Скопје. Оваа банка за првите три месеци од тековна година и покрај пандемијата на коронавирусот оствари нето добивка од импресивни 546.088 илјади денари или 8,8 милиони евра, што претставува зголемување за 1,1% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.
Зад нив е уште една банка која може да се пофали со огромна добивка за работењето во првите три месеци од 2020 година. Станува збор за НЛБ Банка АД Скопје која оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа добивка од 418.532 илјади денари или околу 6,8 милиони евра.
Помеѓу банкарите во топ 5 на третата позиција според остварената добивка успева да се вмеша компанија од фармацевтската индустрија. Алкалоид АД Скопје се наоѓа на третото место со добивка од 314.492 илјади денари или околу 5,1 милиони евра. Алкалоид АД Скопје има одличен почеток на годината со раст на добивката од 6,76% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.
На четвртата позиција според остварениот финансиски резултат се најде Македонски Телеком АД Скопје со нето добивка од 313.241 илјади денари или околу 5,1 милиони евра. Иако, финансискиот резултат на Македонски Телеком во првите три месеци од годинава е позитивен, операторот бележи значително намалување на добивката од огромни 22,03% во однос на остварената добивка за истиот период од претходната година.
Најдобрите пет компании по остварени најдобри финансиски резултати ги заокружува уште една банка, па така на петтата позиција се најде Комерцијална банка АД Скопје со нето добивка во износ од 217.549 илјади денари, односно 3,5 милиони евра. Комерцијална банка АД Скопје за разлика од останатите банки од водечката тројка, бележи значителен пад на добивката од 50%, споредено со истиот период од претходната година. Намалувањето на добивката е резултат на поголемиот износ на исправка на вредност на финансиските средства на нето основа, при остварен пораст на редовните приходи од работењето.
Според оваа анализа најуспешните пет компании кои котираат на Македонска берза заклучно со 31 март 2020 година, веќе имаат добивки од нешто повеќе од 29 милиони евра, што е сума за почит со оглед дека овие добивки од работењето се остварени во услови на пандемија на вирусот Ковид-19, како и во услови на прогласена вонредна состојба во Државата. Најголем раст на добивката гледано процентуално бележи Алкалоид АД Скопје, а најголем пад на добивката има Комерцијална банка АД Скопје. Веќе подолг период, апсолутен лидер во целокупното рангирање е Стопанска банка АД – Скопје.
Анализи
Колку сметки беа скенирани и колку пари им беа вратени на граѓаните преку МОЈДДВ во 2020 година?
Анализи
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)


Со цел подобро запознавање со водечките банкари во државата, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Банкарската фела во Македонија”. (more…)
Анализи
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?


Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!