Connect with us

Анализи

Кои се петте компании со најголеми добивки во првите шест месеци од 2020 година – Од топ 5, три се банки

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор имаше нешто послабо прво полугодие од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 30 јуни 2020 година три се банки, од кои сите три се наоѓаат на првите три места по заработката.

Од ова можеме да дојдеме до заклучок дека и во услови на пандемија и криза, банкарскиот сектор е најпрофитабилен!

Македонските компании кои котираат на Македонска берза досега направиле профит од 81 милиони евра, што е за 18,3 милиони евра помалку споредено со претходната состојба во истиот период за 2019 година. Намалувањето на профитабилноста на компаниите се должи на податокот дека оваа година дури 33 компании работат со загуба во првото полугодие на 2020 година, додека 64 компании оствариле позитивен финансиски резултат.

Овој резултат е постигнат и покрај пандемијата на вирусот Ковид-19 којашто во Македонија започна да се шири кон средината на месец март и предизвика сериозна штета врз економијата.

 

Апсолутен лидер според остварениот финансиски резултат е Стопанска банка АД – Скопје. Оваа банка за првото полугодие од тековна година и покрај пандемијата на коронавирусот оствари нето добивка од 951.556 илјади денари или 15,5 милиони евра, што претставува намалување за 9,75% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалувањето на добивката пред се се должи на глобалната пандемија и последиците како на глобално ниво така и во домашната економија.

На второто место се наоѓа уште една банка која може да се пофали со одличен финансиски резултат и солидна добивка за работењето во првите шест месеци од 2020 година. Станува збор за Комерцијална банка АД Скопје која оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа нето добивка од 751.808 илјади денари или околу 12,2 милиони евра, што претставува зголемување за 11,20% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Зголемувањето на добивката е резултат на зголемување на приходите од капитална добивка по основ на продажба на преземен имот, како и поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања.

На третото место според остварената добивка се наоѓа и трета банка која е дел од водечките три банки во државата, а тоа е НЛБ Банка АД Скопје. НЛБ Банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа добивка од 705.377 илјади денари или околу 11,5 милиони евра, што претставува значително намалување за огромни 26,77% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.

На четвртата позиција според остварениот финансиски резултат се најде Македонски Телеком АД Скопје со нето добивка од 692.844 илјади денари или околу 11,3 милиони евра. Иако, финансискиот резултат на Македонски Телеком во првото полугодие од годинава е позитивен, операторот бележи намалување на добивката од високи 21,34% во однос на остварената добивка за истиот период од претходната година.

Најдобрите пет компании по остварени најдобри финансиски резултати ги заокружува Цементарница УСЈЕ АД Скопје со нето добивка во износ од 585.644 илјади денари, односно 9,5 милиони евра. Цементарница УСЈЕ АД Скопје бележи раст на добивката од 6,1%, споредено со истиот период од претходната година. Зголемувањето на добивката е резултат на зголемување на приходите од продажба на странски пазар, при остварен пораст на редовните приходи од работењето.

Според оваа анализа најуспешните пет компании кои котираат на Македонска берза заклучно со 30 јуни 2020 година, веќе имаат добивки од нешто повеќе од 60 милиони евра, што е сума за почит со оглед дека овие добивки од работењето се остварени во услови на пандемија на вирусот Ковид-19, како и во услови на значително намалување на економската активност. Од водечките пет компании, најголем раст на добивката гледано процентуално бележи Комерцијална банка АД Скопје, а најголем пад на добивката има НЛБ Банка АД Скопје. Веќе подолг период, апсолутен лидер во целокупното рангирање е Стопанска банка АД – Скопје.

Анализи

Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?

Објавено

на

Во ноември 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штаермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Австрија и пошироко Ерсте групација. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкарскиот сектор е убедливо најпрофитабилен во Македонија!

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор бележи послаби финансиски резулатати од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 30 септември 2020 година три се банки, од кои сите три се наоѓаат на првите три места по заработката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!

Објавено

на

Во Македонија има 1.301 премиум пензионери односно пензионери на коишто распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592,00 до 53.691,00 денари во зависност од годината кога го стекнале правото на пензија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно