Connect with us

Анализи

Кои се најплатените професии во земјава?

Објавено

на

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за септември просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку над државниот просек.

Во продолжение ви ги прикажуваме топ петте дејностите со највисока месечна заработка:

1. На листата на најплатените професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во септември била 67.216 денари или 1.092 евра. Кај комјутерското програмирање платата во септември пораснала во однос на август, за 1,2 проценти.

2. Втори на листата се вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари, а во однос на претходниот месец има раст од дури 14,5 проценти.

3. Следуваат вработените во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799 денари, или помала за 0,7 проценти во однос на претходниот месец.

4. На четврто место се финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна плата од 43.113 денари, што доволно говори дека за банкарите всушност и никогаш нема криза.

5. На петтото место се вработените во секторот складирање и помошни дејности во превозот, со плата од 40.515 денари, пред вработените во телекомуникациите, чија просечна плата во септември била 40.485 денари.

Анализи

Објавен Макроекономскиот монитор на Фајнанс тинк за четвртиот квартал минатата година

Објавено

на

Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 проценти, што е во линија со иницијалната проекција од „Finance Think” од -0,8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор Q4 2020 што го објави „Finance Think”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Извештај за истражувањето на Финтек секторот во Северна Македонија

Објавено

на

Во текот на септември 2020 година, со финансиска и техничка подршка од Европскиот фонд за техничка подршка за Југо-Источна Европа, се спроведе истражување за Финтек секторот во Северна Македонија. Истражувањето се спроведе под покровителство и координација од страна на Народната Банка на Северна Македонија во соработка со консултантска куќа од Англија за Финтек Вендави. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Бесими: Голема каматна заштеда од 82,2 милиони евра поради довербата на инвеститорите во нашата економија

Објавено

на

Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 % која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзбици од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која треба да се рефинансира со оваа, каматната заштеда е 82,25 милиони евра, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференцијата по повод издавањето на осмата еврообврзница. (more…)

Продолжи со читање



Популарно