Connect with us

Анализи

Кои се најплатените професии во земјава?

Објавено

на

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за мај просечната исплатена нето плата во земјава била 28.721 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку над државниот просек.

Во продолжение ви ги прикажуваме топ петте дејностите со највисока месечна заработка:

1. На листата на најплатените професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во септември била над 71.951 денари нето износ или 1.170 евра. Кај комјутерското програмирање платата во мај пораснала за 10 проценти во однос на истиот период минатата година.

2. Втори на листата се вработените во Информации и комуникации, кои во мај просечно земале 53.640 денари или 872 евра.

3. Следуваат вработените во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 46.816 денари или 761 евра.

4. На четврто место се финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна плата од 46.400 денари, што доволно говори дека за банкарите всушност и никогаш нема криза.

5. На петтото место се вработените во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување, со плата од 44.751 денари.

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно