Останато
Кои се најбогатите Европејци?

Кога се зборува за најбогатиот човек во светот, тогаш најчесто станува збор за некои Американци, Кинези, Индијци…
Долго време за најбогат човек во светот важеше Бил Гејтс кој е Американец, потоа неговото место го зазема Џеф Безос, кој изминативе неколку години се наоѓаше на врвот на листата на најбогати луѓе во светот. Неодамна, тој беше симнат од тронот и на неговото место се искачи Илон Маск, но неговата авантура како најбогат човек беше краткотрајна, па одново листата на најбогати луѓе во светот ја предводи Џеф Безос. Сите овие милијардери се Американци.
Но, многу ретко листата на најбогати луѓе во светот е предводена од жител на некоја од европските земји.
Во продолжение ги прикажуваме најбогатите луѓе од Европа. Интересно е што тие се збогатија со производи кои ги нудат на пазарот, а што ги консумираме и ние самите.
Најбогатиот Французин, кој воедно е и најбогатиот Европеец е Бернар Арно. Неговото богатство се проценува на 112 милијарди долари и тој во моментов е четвртиот најбогат човек во светот.
Арно е сопственик на компанијата „LVMH“, која е најголемиот светски производител на луксузни производи. Меѓу неговите брендови се „Louis Vuitton”, „Bulgari”, „Moet”, „Hennessy”, „Dom Perignon”, „TAG Heuer”, „Hublot” итн. Овие производи се релатовно малку застапени во нашата држава, бидејќи стандардот на живот е далеку под нивото на цените по кои се продаваат овие луксузни производи на пазарот.
Најбогат Шпанец е Амансио Ортега, кој во моментов е 18-ти најбогат човек на светот со околу 63 милијарди долари. Тој е сопственик на компанијата „Inditex”, која вклучува модни брендови како што се добро познатите „Zarа”, „Pull & Bear”, „Massimo Dutti”, „Bershka”, „Straparius”… За разлика од брендовите на Бернар Арно, кои многу повеќе се користат во понапредните и помоќните европски земји, овие брендови се добро познати во нашата држава и со пазарните цени по кои се продаваат се достапни речиси за секого.
Џовани Фереро е е најбогатиот Италијанец со богатство вредно речиси 34 милијарди долари. Тој е сопственик на позната компанија позната по слатки производи, како што се „Nutella”, „Raffaello”, „Ferrero Rocher”, итн. Џовани го презеде управувањето со компанијата по смртта на неговиот брат во 2011 година. И овие производи се широко распространети на нашиот пазар, а повеќето од нив речиси секојдневно ги конзумираме.
Најбогатиот Германец е Дитер Шварц. Неговото богатство се проценува на повеќе од 27 милијарди долари. Дитер Шварц е сопственик на трговскиот ланец на продавници „Lidl”. За жал, во нашата држава сеуште нема ниту еден „Lidl” маркет, но има одредени најави дека наскоро може да очекуваме влегување на овој бренд на нашиот пазар.
Како најбогато германско семејство се вбројува семејството Албрехт (Карл и Тео Албрехт). Карл и Тео се сопственци на трговскиот ланец на продавници „Aldi”. Своето наследство го оставаат на нивните деца Бит Хајстер и Карл Албрехт Јуниор и Тео Албрехт Јуниор. Нивното богатство се проценува на 61,8 милијарди долари. Поединечно, Бит Хајстер и Карл Албрехт Јуниор „тежат” околу 39,4 милијарди долари, додека богатството на Тео Албрехт Јуниор вреди 22,4 милијарди долари.
Најбогат Австриец е Дитрих Матешиц, кој е ко-сопственик на мултинационалната компанија „Red Bull”. Тој е сопственик на 49 проценти од компанијата за најпознатите енергетски пијалоци. Неговото богатство се проценува на 26,9 милијарди долари и се вбројува како 40-ти најбогат човек во светот.
Најбогат Британец е Џејмс Дајсон со 16,2 милијарди фунти или околу 22 милијарди долари. Тој е пронаоѓач (изумител), индустриски дизајнер, земјопоседник и претприемач кој го основал „Dyson Ltd”. Тој е традиционално најпознат како пронаоѓач на правосмукалката без вреќички „Dual Cyclone”, која работи на принципот на циклонско одвојување.
Единствената жена на листата на најбогати европејци е најбогатата Холанѓанка со британски корени, Шарлин де Карваљо. Таа е сопственичка на 25% од акциите на компанијата „Heineken International”, вториот по големина производител на пиво во светот Хајнекен. Нејзиното богатство се проценува на 16,3 милијарди долари.
Останато
Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), поддржан од Германија и ЕУ, во чии канцеларии беше потпишан меморандумот. (more…)
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот