Connect with us

Останато

Кои се македонските компании кои се појавија во „Пандора документите“!?

Објавено

на

Сопственици од Македонија се поврзани со две компании опфатени во аферата „Пандора документи“, покажува најновото истражување на меѓународниот новинарски конзорциум.

Тој податок може да се види на мапата што ја постави Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ), кој ги објави “Пандора документите“, што содржат околу 12 милиони документи, кои откриваат дека меѓу другите, светски лидери, познати милијардери и ѕвезди сокриле милиони долари во офшор компании во земји даночни раеви.

Пребарувањето по мапата открива две компании поврзани со сопственици од Македонија.

На мапата може да се види само бројот на компании фатени во мрежата на ИЦИЈ, но не и податоци за нив. Според најавите, документите со кои се откриваат сопствениците на офшор фирмите во кои се кријат огромни суми пари ќе се објавуваат постепено, во наредниот период.

Од друга страна, од досега објавените податоци се уште нема потврда дека македонски функционер е вмешан во определени бизнис зделки опфатени во „Пандора документите“.

Конзорциумот продолжува со објавување на податоци за политичари кои го криеле имотот преку трустови формирани во островските даночни раеви, но и во други држави, како на пример сојузната држава Јужна Дакота во САД која во меѓувреме израснала во место со добра заштита за податоци за овој тип на префрлање на пари и бизниси.

Останато

Растат онлајн купувањата од странство кон домашните е-трговци!

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Мкаедонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството

Објавено

на

Нови дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството се обезбедуваат со ребалансот на Буџетот, како средства за заштита или резерва и во случај на потреба ќе влезат во нов пакет мерки. Се обезбедуваат и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта

Објавено

на

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)

Продолжи со читање


Популарно