Connect with us

Анализи

Кои се десетте најголеми компании на Балканот?

Објавено

на

Најголемата компанија на територијата на поранешна Југославија според вкупните приходи од работењето е словенечки „Петрол“ со годишен приход од 3,6 милијарди евра.

На второто место се наоѓа хрватската компанија „ИНА”, со годишен приход од 2,9 милијарди евра, a третото место  го зазема „ЈП Електропривреда Србија” со околу 2,5 милијарди евра годишни приходи. На четврто место се наоѓа „Нафтена индустрија Србија” со приходи од нешто повеќе од 2,1 милијарди евра.

Регионалната аналитичка куќа „SeeNews” го објави извештајот ТОП 100 ЈИЕ, кој ги рангира 100-те најголеми компании во регионот на Југоисточна Европа според вкупните приходи. Извештајот конкретно претставува листа со 10-те најголеми компании во секоја од земјите на поранешна Југославија.

Може да се види дека тоа се главно компании кои работат во областите трговија, производство на електрична енергија и нафта, телекомуникации и трговски ланци.

Во нашата земја, најголема компанија е „Johnson Matthey DOOEL”, со приход од околу 1,9 милијарди евра, што е дел од британската компанија, водечки светски производител на катализатори за контрола на емисиите на издувни гасови од возилата.

Во Словенија најголема компанија е нафтениот гигант „Петрол” кој воедно и најголема компанија според приходите со вкупни приходи од 3,6 милијарди евра. Во Хрватска најголема компанија според приходите е „ИНА” со 2,9 милијарди евра вкупни приходи.

Во Србија, на прво место според приходите се наоѓа Јавното претпријатие за електрична енергија „ЈП Електропривреда Србија (ЕПС), со околу 2,5 милијарди евра годишни приходи.

Анализи

Банкарскиот сектор е убедливо најпрофитабилен во Македонија!

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор бележи послаби финансиски резулатати од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 30 септември 2020 година три се банки, од кои сите три се наоѓаат на првите три места по заработката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!

Објавено

на

Во Македонија има 1.301 премиум пензионери односно пензионери на коишто распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592,00 до 53.691,00 денари во зависност од годината кога го стекнале правото на пензија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се најплатените професии во земјава?

Објавено

на

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за септември просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку над државниот просек. (more…)

Продолжи со читање

Популарно