Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Кои се десетте компании со најголеми добивки – Од топ 10 четири се банки

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор имаше нешто послаби први три квартали од годината со помала добивка споредено со истиот период лани. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 10 компании со најголеми добивки заклучно со 30 септември 2019 година четири се банки, од кои две се наоѓаат во топ три.

Македонските компании кои котираат на Македонска берза досега направиле профит од 173 милиони евра, што е за 22 милиони евра помалку споредено со претходната состојба во истиот период за 2018 година. Овој резултат е постигнат и покрај тоа што годинава само 20 компании работат со загуба, односно 8 помалку од лани, а дури 76 котирани компании се во позитива.

Апсолутен лидер според остварениот финансиски резултат е Стопанска банка АД Скопје. Оваа банка за девет месеци и покрај годишниот пад од 33% остварила добивка од импресивни 1,7 милијарди денари или околу 28 милиони евра.

Зад нив е уште една банка која може да се пофали со огромна добивка за работењето во првите девет месеци од 2019 година. Станува збор за НЛБ Банка АД Скопје со позитивен финансиски резултат, односно со добивка од 1,4 милијарди денари или околу 23,6 милиони евра.

Помеѓу банкарите во топ 5 на третата позиција според остварената добивка успева да се вмеша компанија од телекомуникациите. Македонски Телеком е на третото место со добивка од 1,4 милијарди денари или 23,2 милиони евра. Операторот има и позитивна година со раст на добивката од 9,28% споредено со остварениот резултат во првите три квартали од 2018 година.

Повторно на листата доаѓаме до уште една банка, па така на четвртата позиција се најде Комерцијална банка со добивка од 1,3 милијарди евра, односно 21,1 милиони евра. Комерцијална како и кај повеќето големи македонски банки исто така има пад на добивката ако се направи споредба со претходната година за 24,7%. Сите три банки во образложението на финансиските резултати истакнаа дека падот на приходите се должи на тоа што во 2018 година ги наплатиле побарувањата од големиот должник ФЕНИ кој по успешната стечајна постапка беше рестартиран со влез на нов инвеститор и дека успешно продале недвижен имот од ненаплатени кредити.

Најдобрите пет комаппии по собрани  приходи ги заокружува Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Компанијата за градежни материјали има позитивен финансиски резултат со добивка од 939 милиони денари, или околу 15 милиони евра. Скопската компанија за производство на цемент исто така бележи и годишен раст на добивката од 20,85%.

Мермерен комбинат АД Прилеп продолжува со растот на продажбата па така годинава до септември успеал да работи многу профитабилно и да оствари добивка од 13,3 милиони евра.

Алкалоид АД Скопје е најуспешната фармацевтска компанија во земјава која постојано вложува во истражување и развој. И со високи расходи за овие цели Алкалоид и натаму е една од најпрофитните компании на Македонска берза со остварени 12 милиони евра добивка за првите три квартали од 2019та.

Домашниот нафтен гигант Макпетрол АД Скопје сппред консолидираниот финансиски извештај оваа година исто така бележи дополнителен раст споредено со 2018 година. Компанијата за продажба на горива со најголем број на бензински пумпи и продавници за годинава има остварено досега добивка од 9,4 милиони евра.

Охридска Банка АД Скопје е четвртата топ компанија која се најде на оваа листа. Друштвото кое ќе биде сега под раководство на Шпаркасе покажува дека инвестицијата ќе се исплати  со остварена добивка од 6,2 милиони евра заклучно со 30 септември.

Градежниот сектор, барем повеќето од домашните компании се соочуваат  со пад на своите активности, а со тоа генерираат далеку послаби приходи во односно на претходните години. Тоа сепак очигледно не важи за Гранит кој ја консолидираше својата позиција и повторно работи на големо инфраструктурни проекти. Затоа како единствен претставник на градителските фирми годинава има позитивен финансиски резултат со добивка од 2,8 милиони евра.

Според оваа анализа најуспешните 10 компании кои котираат на берза заклучно со 30 септември 2019 веќе имаат добивки од над 120 милиони евра што е сума за почит без оглед што дури шест од нив забележуваат помал износ на добивката во споредба со лани. Најголем раст на добивката гледано процентуално бележи Гранит, а најголем пад на добивката има Стопанска банка која е и всушност лидер во целокупното рангирање.

Анализи

Какви новини носи новата шефица на ЕЦБ!?

Објавено

на

За економистите ќе биде лесно да се согласат дека монетарната политика е неопходен инструмент во време на финансиска криза. Кога пазарите за пари и ликвидност ќе се замрзнат, одлучувачката монетарна интервенција ќе го омекне ударот. Но, кога работите ќе се вратат во нормала, монетарната политика порано или подоцна ја губи својата магична моќ. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ТТК Банка ја дуплираше добивката, додека другите банки бележат голем пад на профитот

Објавено

на

ТТК Банка е изненадување во банкарскиот сектор за првите девет месеци од годинава со значително подобрување на финансиските резултати. Според оствареното во првите три квартали од 2019 година, ТТК Банка е речиси единствена со зголемена добивка споредено со истиот период лани, и гледано процентуално има најголем раст од дури 50%. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ова се најпрофитабилните акции во последните 20 години

Објавено

на

Цените на берзата растат и паѓаат секој ден, но најдобрите компании им носат вредност на своите акционери на долг рок. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange