Connect with us

Останато

Кои подобрувања и услуги ги нуди новата верзија на МојДДВ?

Објавено

на

МојДДВ мобилната апликација за скенирање на фискални сметки доби нова верзија, која освен промените во дизајнот и изгледот доби и низа на нови функционалности.

Претходната верзија на МојДДВ апликацијата овозможуваше само скенирање на бар-кодот како и преглед на скенираните фискални сметки со приказ на извештаи.

Новата верзија на МојДДВ сега ви овмозжува покрај избор на скенер за фискалните сметки, да направите преглед и на добиените средства од повратот на ДДВ кој според прописите изнесува 15% за физичките лица.

Така сега ќе нема потреба да се логирате преку електронскиот систем на УЈП од интернет прелистувач, туку директно преку самата мобилна апликација МојДДВ ќе имате увид колку средства сте направиле преку поврат на ДДВ кои на квартално ниво изнесуваат 1800 денари.

Секако еден од главните новитети на МојДДВ е и преглед на новата наградна игра која Министерството за финансии со УЈП ја организира со државната лотарија. Сите корисници кои ќе скенираат фискални сметки ќе бидат вклучени во извлекувањата на награди на дневно ниво, а во главните кола на извлекување ќе бидат доделени и најголемите награди од по 50 илјади евра.

Затоа ви препорачуваме да ја инсталирате новата надградба на мобилната апликација МојДДВ и да ги користите сите нови услуги, а со тоа и да имате поголем увид во повратот на средствата од скенираните фискални сметки.

Останато

Професии со кои можете лесно да дојдете до вработување во 2021 година

Објавено

на

Кога станува збор за пазарот на трудот, информатичарите, градежните инженери и економистите, можат најлесно да се вработат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

Објавено

на

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи. По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комората на сметководители бара пролонгирање на роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи

Објавено

на

Пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување да бидат дел од  економските мерки за петтиот пакет, бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Според роковите утврдени во Законот за трговски друштва Годишната сметка се доставува до Централниот регистар до крајот на месец февруари наредната година, во хартиена форма или до 15 март во писмена форма. (more…)

Продолжи со читање

Популарно