Connect with us

Форекс

Кои компании го сочинуваат индексот МБИ10?

Објавено

на

Берзански индекс претставува алатка за мерење на промените на цените на група хартии од вредност.

Македонскиот берзански индекс (МБИ10) претставува агрегатен показател на движењето на цените на акциите кои котираат на Македонска берза АД Скопје.

Во берзанската „кошница“ односно во МБИ10 индексот влегуваат акциите на најквалитетните компании, коишто мора да бидат репрезентативен примерок и да дадат јасна слика за движењата на пазарот на капитал.

МБИ10 се состои од најмногу 10 котирани акции на Официјалниот пазар на Македонската Берза, избрани од страна на Комисијата за берзански индекс, според критериумите наведени во Методологијата. Комисијата за берзански индекс, редовно (два пати годишно) и вонредно (во случај на вонредни околности) врши усогласување на структурата на МБИ10 со состојбата на пазарот.

На 15.12.2020 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10.

Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс по последната извршена редовна ревизија определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од:

  1. Комерцијална банка АД Скопје;
  2. Гранит АД Скопје;
  3. Алкалоид АД Скопје;
  4. Макпетрол АД Скопје;
  5. Македонијатурист АД Скопје;
  6. Стопанска банка АД Битола;
  7. Македонски Телеком АД Скопје;
  8. НЛБ Банка АД Скопје;
  9. Стопанска банка АД Скопје и
  10. ТТК Банка АД Скопје.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно