Connect with us

Останато

Кои земји се најпогодни за започнување на онлајн бизнис?

Објавено

на

За да испита кои земји овозможуваат најдобри услови за започнување на бизнис преку интернет, тимот на „Best Accounting Software” анализира 99 земји во над 20 категории (од БДП по глава на жител и стапка на данок на доход до број на социјални медиуми, корисници на интернет и работен простор).

Во својата анализа, дошле до податок дека поголем дел од земјите кои се најпогодни за започнување на онлајн бизнис се лоцирани во Европа, но исто така, одлични поволности нудат и некои земји во САД, Канада и Сингапур. Сепак, и покрај сите поволности кои ги нудат, во овие држави, стапката на данок на доход е значително повисока.

Листата на топ 10 држави кои нудат најдобри услови за започнување на сопствен бизнис се:

1. Данска;

2. Швајцарија;

3. Холандија;

4. САД;

5. Норвешка;

6. Шведска;

7. Сингапур;

8. Германија;

9. Канада;

10. Луксембург.

Најлоши земји за започнување на онлајн бизнис се Хаити, Венецуела, Уганда, Ангола, Замбија, Пакистан, Камбоџа, Непал, Бангладеш и Таџикистан.

Од земјите во регионот на Западен Балкан кои се вклучени во ова истражување, Словенија е убедливо најдобро рангирана и се наоѓа на високото 22-то место. Албанија и Босна и Херцеговина се најлошо рангирани и го заземаат 54-тото и 55-то место, соодветно.

Словенија постигнува најдобра оценка во скоро сите категории користени во истражувањето. Само во четири категории друга земја во регионот постигнува подобар резултат.

Брзината на мобилниот интернет е најбрза во Хрватска, следена од Албанија и Србија, додека Словенија е на четвртото место. Најбавен интернет има во Босна и Херцеговина.

Стапката на данок на добивка е најдобра во Босна и Херцеговина и изнесува 10 проценти, додека во Словенија е 19 проценти и е највисока во регионот.

Истражувањата покажаа дека во Албанија се потребни само пет дена за да се започне онлајн бизнис. Слично е во Србија кадешто се потребни 7 дена, додека пак во  Словенија се потребни 8 работни дена за започнување на сопствен онлајн бизнис. Во Хрватска се потребни дури 20 дена, додека пак во БиХ се потребни неверојатни 80 денови.

Друга категорија во која Словенија не е доминантна е бројот на таканаречени простори за соработка – канцелариски простор за изнајмување во кој можат да работат работници од различни компании. Во оваа категорија Србија се наоѓа убедливо на првото место со 46 вакви простори. Хрватска има 22, Словенија 16, БиХ 12 и Албанија 11.

Нашата држава Северна Македонија, заедно со Црна Гора и Косово не се опфатени во истражувањето.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно