Connect with us

Анализи

Кои беа главните заклучоци на првата конференција за е-трговија во Македонија?

Објавено

на

Во петокот, 26-ти октомври, во хотел Мериот се одржа првата конференција за е-трговија во Македонија, која го носеше насловот “е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!”. Со скоро 400 присутни гости и повеќе од 30 говорници на сцена, конференцијата докажа дека во Македонија постои огромен интерес за развој на оваа индустрија. Агендата ја сочинуваа микс од поздравни говори, панел дискусии, говори и презентации и забавни елементи во форма на интерактивен квиз во кој учествуваше целата публика и музичка изведба на хумористичната песна “Цена?” од Дебелиот крај.

Дигитализацијата создава можности за креирање на нови бизнис модели, но и овозможува постоечките традиционални бизниси да ги трансформираат и унапредат своите застарени процеси. За развој на е-трговијата и создавање на дигитално општество потребен е пертнерски однос на засегнатите страни: бизнисите, владата, банките и потрошувачите. Можностите кои ги нуди дигиталниот пазар се огромни особено за мал и неатрактивен пазар како што е Македонија. Но, за делување потребно е да се детектираат и предизвиците кои стојат пред оваа индустрија.

На конференцијата беа презентирани новите трендови подржани од технологијата како и можностите кои ги нуди вештачката интелегенција, учењето на машините, како и гејмификација од познати странски клучни говорници. На четирите панели беа опфатени за дискусија: понудата, плаќањето и доставата како клучни елементи на синџирот на е-трговијата покрај информатичко технолошката подготвеност.Панелистите како преставници на бизнисите и институциите од соодветната област дебатираа за предизвиците кои стојат пред нив.

Најчесто беше споменувана едукацијата и регулативата. Но, секако како препреки остануваат и транспортот, ИТ системите, корисничките правила, заштита на податоците и др.

Во продолжение, петте клучни заклучоци од конференцијата:

1. Е-трговијата и дигитализацијата се потреба, затоа треба повеќе едукација

Сите статистики и на глобалниот и на домашниот пазар говорат на пораст во користењето на електронската трговија од страна на граѓаните. Македонија со потрошени 63 милиони евра за купување онлајн бележи пораст од 20% во првото полугодие од 2018 година споредбено со истиот период 2017. Сите од говорниците, и малите е-трговци и големите гиганти како Македонски Телеком, Вип, Еуро Линк Осигурување, Спорт вижн (SportVision), се согласија дека е-трговијата ќе биде еден од приоритетите во следните периоди. Тука се јавува и потребата за зголемување на дигиталните вештини кај населението и нивна едукација на тоа поле.

„Луѓето без пристап до интернет и технологија ризикуваат дигитално и економско исклучување.“ – изјави министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски во своето поздравно обраќање.

2. Регулативата треба да ги следи потребите на бизнис заедницата, а не обратно

Низ скоро секој од панелите (е-трговци, плаќање и достава), се зборуваше за регулативата и колку многу е потребно да се пронајде начин истата да се разработи и да биде попрецизна, да ги опфати последните трендови и да ги следи потребите на бизнис заедницата, а не бизнисот да се ограничува според регулативата и да се кочат иновациите.

„Не знаеме која ни е регулативата. Не сме сигурни во кој правец да оди, тоа е голем проблем поготово за помалите е-трговци. Немаме јасни закони за е-комерц во регионот.“ – истакна регионалниот директор за е-трговија на Sport Vision, г-ѓа Зорана Милидраг.

3. Потребна е подобра понуда и конкуренција

Со цел подобрување на иновацијата и зголемување на локалната понуда, клучна улога игра конкуренцијата. Конкуренцијата беше опишана како најдобар катализатор за зголемување на понудата во е-трговијата.

„Кога гигантите немаат ефективен конкурентски притисок, нормално дека ќе се однесуваат на стар традиционален начин. Не се менуваат кога нема потреба. Но, во ситуација кога имате дистрактор, ќе истражувате како да работите поефикасно. Конкуренцијата е најдобар тригер за големите системи да се движат побрзо.“ – истакна извршниот директор на Македонски Телеком, г-дин Никола Љушев.

4. Фин-тек иновациите треба да настапат на сцена

Се соочуваме со застарени методи на регистрација за е-трговци и добивање на виртуелни терминали за плаќање, кои минимално се променети од 2008-ма година кога е направена и првото онлајн плаќање во Македонија. Банките е потребно да бидат поиновативни, а наскоро на сцена се очекува да настапат и фин-тек компаниите од небанкарскиот сектор кои треба да го раздвижат овој сегмент од пазарот.

„Со промена на регулативите на коишто работи НБРМ, наскоро ќе се овозможи сериозни компании од небанкарскиот сектор да понудат свои решенија. Има потенцијал за домашен производ.” – истакна претставникот на НБРМ, г-дин Игор Величковски, во панелот за плаќања објаснувајќи дека НБРМ работи на овозможување на законски рамки кои ќе дозволат фин-тек иновации.

5. Имаме сериозен проблем со достава и логистика

Како една од алките во синџирот на е-трговијата, а значајна за развојот е доставата (домашна и меѓугранична) и логистиката, две области во кои што домашните е-трговци наидуваат на многу проблеми. Доставата е уште позначајна за настап на странските пазари и како кочница за истата се гледаат скапите цени за испорака, царинските процедури како и предизвиците со враќање на производите, ова беа едни од главните препреки дефинирани за извоз. Она што преставува мало охрабрување е најавата на царинската управа за поедноставување на процедурата за царинска декларација, како и намалување на трошоците.

„Со една царинска декларација која може да биде неделна или месечна која може секој трговец да ја обезбеди сам без трошоци или преку шпедитер со мали трошоци може да врши повеќекратен извоз“ – истакна преставникот на Царинската управа на Република Македонија, г-динот Ѓоко Танасоски.

Повеќе

Анализи

АНАЛИЗА: Штедењето стабилно – во банките на книшки има вкупно 5,8 милијарди евра

Објавено

на

Со просечни стапки на раст на депозитите од осум отсто годишно, штедењето во земјава достигна 55% од Бруто домашниот производ. Според последните податоци, во банките и штедилниците вкупната депозитна база изнесува 5,8 милијарди евра. Она што охрабрува и ја потврдува довербата во домашната валута е порастот на денарското штедење, смета гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: За станбени и потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра

Објавено

на

Историските стапки на раст на кредитирањето од 39% нема да се повторат, но догодина и следните години кредитирањето ќе биде стабилно,  со просечни стапки на раст од 8,4%. Во моментов вкупната кредитна изложеност на банките и на штедилниците изнесува 5 милијарди евра додека вредноста на вкупните штедни влогови изнесува 5,8 милијарди евра. На крајот од септември салдото на сомнителни и спорни побарувања е 251 милион евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Еуролинк осигурување додели 30 стипендии за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во вкупна вредност од 1.600.000 денари

Објавено

на

Вчера вечерта се одржа 5-тото јубилејно доделување на Еуролинк стипендиите. Беа доделени 30 стипендии за најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за учебната 2018/2019 година во вкупна вредност од 1 600 000 денари. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange